Галијани: Дрогба не доаѓа во Италија

Адриано Галијани говореше околу преодниот трансфер-период, но и околу тренерот Алегри, избегна да коментира за оценките на Берлускони за Балотели.
Главниот оперативец на Милан смета дека италијанските тимови не можат да си дозволат ангажман на Дидиер Дрогба.
„Мислам дека нема шанси да дојде во Италија“ изјави Галијани алудирајќи на условите кои ги бара Африканецот.
Тој додаде дека нема да ги коментира изјавите на Берлускони околу Балотели но и потврди дека Милан бара играч од средниот ред.
Се говори околу заминување на Кевин Принс Боатенг.
„Измислена приказна е тоа што наводно Галатасарај испратил понуда, но и да испратат, ние ќе ја одбиеме“ изјави Галијани.
Алегри останува?
„Има договор до 2014 година. Доколку Милан продолжи да оди по пат каде има излез тогаш логично е тој да остане на клупата на тимот“ заклучи Галијани.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Адриано Галијани говореше околу преодниот трансфер-период, но и околу тренерот Алегри, избегна да коментира за оценкит

Пронајдете не на следниве мрежи: