Галијани го потврди Алегри и за следната сезона

Loading...

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, потврдил дека Масимилијано Алегри и следната сезона ќе биде тренер на ’росо нерите’.
Галијани на овој начин ги демантира тврдењата на одделни италијански медиуми, кои објавија дека по завршувањето на сезоната, Алегри ќе се пресели во Рома.„Не може Рома да им ги краде тренерите на другите клубови. Алегри ќе биде шеф на стручниот штаб и следната сезона. Се работи за одличен тренер, кој секогаш знае што сака. Ме потсетува на Карло Анчелоти“, изјавил Галијани.По лошиот старт на сезоната, екипата на Милан, влезе во одлична серија, на последните 10 натпревари има забележано осум победи и стигна до четвртото место на табелата, кое го дели со градскиот ривал Интер.Алегри, во 2011 година со Милан ја освои шампионската титула, неговиот договор со клубот истекува за 18 месеци.
 
МакфаксПотпретседателот на Милан, Адријано Галијани, потврдил дека Масимилијано Алегри и следната сезона ќе биде тренер на ’росо нерите’

loading...
Loading...