Германија ќе го засили полициското присуство на јавни места по серијата напади

Германија ќе го засили полициското присуство на аеродромите и железничките станици и ќе спроведува операции од типот „запри и прегледај“ во близина на граничните региони, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер, по четирите напади за помалку од една недела, пренесоа британските медиуми.„Ова што во овој момент ми се чини особено важно е зголемувањето на полициското присуство на јавните места“ – рече министерот на прес конференција во Берлин.
„Затоа на федералната полиција и наредив видливо да го засили своето присуство на аеродромите и железничките станици и да спроведува случајни проверки (кои не се видливи, но се многу ефикасни) во граничните региони“ – рече тој.
Де Мезиер ги повика луѓето да не запаѓаат во паника, додавајќи дека „природно е тие да се загрижени и да се прашуваат дали да го сменат својот секојдневен распоред. Тоа не треба да го правиме, туку треба да продолжиме да го живееме нашиот слободен живот“, рече тој, цитиран од американските медиуми.„Ова што во овој момент ми се чини особено важно е зголемувањето на полициското присуство на јавните места“ – рече министерот на прес к

Пронајдете не на следниве мрежи: