Германија подготвува тужба за Фејсбук ако сподели лажни вести: Паричната казна е ВРТОГЛАВО висока!

Темата за лажните вести на интернет достигна и до пратениците. Германската социјалдемократска партија предложи нов закон со кој ги смета за одговорни компаниите како Facebook за ширење на лажни вести, пренесе Der Spiegel.Предлогот е поднесен од претседателот на партијата Томас Оперман. Во него се нуди Facebook да направи постојани тимови од вработени во Германија кои ќе проверуваат пријави за лажни вести и говор на омраза.
Предлогот предвидува рок од 24 часа во кој Facebook треба да реагира на секоја слична пријава. Ако не го стори тоа, се нуди парична казна во износ од 500 000 евра за секоја публикација која не е отстранета. Процесот треба да трае деноноќно и секој ден.
Владеачкиот Христијанско-демократски сојуз исто така, подготвува предлози за построги мерки против лажните вести. Тие ќе бидат објавени на почетокот на следната година. Меѓу предлозите ќе биде воведување на сеопфатна забрана за објавување на лажни вести, а тоа го поддржува и канцеларката Ангела Меркел.
Facebook веќе објави сопствени мерки за зајакнување на контролата над ширењето на лажни вести. Компанијата ќе користи вештачка интелигенција и алгоритми кои ги анализираат потенцијалните лажни вести и ги запираат пред да станат популарни.
Корисниците исто така ќе можат да поднесуваат пријави. Компанијата не ги коментираше предлозите на германските политичари.Предлогот е поднесен од претседателот на партијата Томас Оперман. Во него се нуди Facebook да направи постојани тимови од вработени во Германија ко

Пронајдете не на следниве мрежи: