Германскиот претседател доби јајце во главата

Јајце го погоди германскиот претседател Јоахим Гаук во главата наменето за чешкиот претседател Милош Земан, на протестите против него.Гаук присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од Кадифената револуција, но тој не е сериозно повреден, јави дописникот на МИА од Прага.
– Јас не се плашам од вас, како што не се плашев ниту пред 25 години, им порача Земан на неколку стотиците демонстранти кои кон него фрлаа разни предмети, а обезбедувањето го штитеше со отворени чадори.
Земан присуствуваше на свеченоста по повод годишнината од отстранувањето на прорускиот режим кое почна со мирните студентски протести во Прага во 1989 година.
Првиот човек на Чешка, ноемвриските настани ги одбележа заедно со своите колеги од земјите на Вишеградската група, В4 (Унгарија, Полска, Словачка) и Германија, кои по тој повод ги покани во земјата.
Чесите денеска излегоа на протести и на актуелниот претседател Милош Земан симболично му покажаа црвен картон како несогласување со неговото непочитувањето на човековите права, прорускиот став во конфликтот во Украина, како и неговата потценувачка изјава во врска со употребата на сила од страна на комунистичката полиција пред 25 години на денешен ден кога беа организирани студентски протести.Гаук присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од Кадифената револуција, но тој не е сериозно повреден, јави дописникот на МИА од

Пронајдете не на следниве мрежи: