Героски, Милчин и Фрчкоски ја губат битката со Саше Политико?!

Медиумската војна што ја водат функционери и новинари на СДСМ против Саше Политико станува се покомплицирана. Љубомир Фрчковски, Бранко Героски и Владимир Милчин очигледно мораа да ги здружат силите и сите во еден ден напишаа текстови и колумни со кои го напаѓаа уредникот на Мактел, Саше Политико. Во своите колумни Саше Политико ги обвинува Фрчкоски, Героски и Милчин дека со своите активности прават штета на СДСМ и ја држат партијата во заложништво и дека СДСМ мора да се дистанцира од нивните ставови ако сака да дојде на власт.
На сето ова не останаа рамнодушни Фрчкоски, Героски и Милчин па во своите текстови не бираа зборови да го оцрнат Политико нарекувајќи го “обичен курир од Бихаќка”.
-Нашиот јунак кој за потребите на текстов ќе го означиме со привремена референца ПОЛИКЛИНИКО, влегол во симпатичен и некако носталгичен за мене филм, дека ќе ја влијае идеолошки СДСМ во конципирање на новата популистичка агенда за конечно освојување на власта и симнување на „талибанциве-ДПМНЕ“ (кои му се секако згадени)”, напиша Фрчковски во својата колумна.
Без коментар не остана ни Владимир Милчин кој беше обвинет од Политико дека го држи СДСМ во заложништво и дека е главен креатор на политиките на СДСМ.
-Ме прашуваат зошто сум му обраќал внимание на Саше Политико. Мојот одговор гласи: Зашто е курир, пренесува туѓи пораки. И не е првиот таков продукт на кујните во некогашната „Бихаќка“. Приказната е веќе скиселена. Најпрвин, јас и Геро сме го уривале Црвенковски, потоа, јас и Геро сме ги уривале Заев и Шеќеринска, за да стигне до тврдењето дека Сорос и НВО секторот се виновни за поразите на СДСМ зашто СДСМ работел по диктат на Милчин и ГЕМ. Утешение грешним, напиша Милчин.
Иако и Фрчкоски и Геровски и Милчин велеа дека не го сфаќаат ни малку сериозно Саше Политико, најновата ситуација не делува баш така. Дали овие напаѓања кон Политико се знак дека сепак не им е сеедно што тој ќе напише во своите колумни или пак се загрижени дека токму она што го зборува Политико почнува да се остварува и СДСМ полека да се дистанцира од овие луѓе.Во своите колумни Саше Политико ги обвинува Фрчкоски, Героски и Милчин дека со своите активности прават штета на СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи: