Героски се издаде – зема пари од фондацијата СОРОС

Актуелниот раководител на сајотот Плусинфо, а воедно и поранешен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Героски во најновата колумна призна дека фондацијата СОРОС директно ги помага критички настроените медиуми.
Неговата најнова колумна е насловена „Ало дечки, доста трошите пари за глупости“, во која пишува дека одлуката на Соросовата фондација директно ги поддржува критички настроените медиуми. Тој посочува дека оваа постапка на фондацијата е историски важна за опстанокот на овие медиуми.
„Засега единствената фондација која некако пркоси на оваа логика и директно ги помага медиумите е Соросовата фондација – може да се разговара за тоа дали тоа се прави најумесно и најефективно, но нејзината одлука директно да ги поддржува критички критички настроените медиуми е историски важна за опстанокот на последните островца на слободната мисла во оваа земја!“, пишува Героски во колумната.
Героски, кој во јавноста важи за голем критикувач на актуелната власт и силен поддржувач на политиката на СДСМ, појавувајќи се и на неколку митинзи на опозицијата каде имаше дури и свои говори, овој пат јасно го призна она што цела јавност го знае,  дека критички настроените медиуми кон власта, меѓу кои е и Плусинфо директно се поддржани од фондацијата СОРОС.
Актуелниот раководител на сајотот Плусинфо, а воедно и поранешен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Героск

Пронајдете не на следниве мрежи: