Гестови на мажите со кои ги ТОПАТ женските срца!

Во свет полн со бројни врски за една ноќ, бракови за неколку месеци, како кавалерството да се повлече чекор наназад.Вистината е дека жените секогаш копнеат да им се обрнува внимание на еден елегантен, ненаметлив и романтичен начин. Дури со секојдневните и рутински активности во домот, однесувањето на еден маж треба да биде на ниво.
Еве како да се освои една жена со неколку мали гестови:
Отворање на врата
Маж кој излегува прв од автомобилот за да ја отвори вратата на својата сопатничка, секогаш ќе ја натера да се почувствува удобно и заштитено.
Секоја дама ќе одобри таков гест кој изгледа прилично незначителен на прв поглед.
Отстапување на последниот залак
Секој знае дека патот до срцето на мажот минува низ стомакот, без разлика колку банално и наивно тоа да звучи.
Ако мажот го остава последниот залак за една жена, таа јасно сфаќа дека тој се грижи за неа и навистина ја сака.
Трошење на доволно време со семејството
Ако еден маж навистина сака да ги гледа фотографиите од вашето детство, од забавни приказни за вашите браќа и сестри и се радува дека поминувате време со своите родители, тоа е „вистинскиот човек“.
Дури и најмалите гестови спрема семејството ви докажуваат дека партнерот ве цени заедно со вашите блиски, зашто семејството е важно за секого.
Да ја претставува дамата при средба со познаници
Вистински господин знае дека ако не ја претстави својата партнерка при повремени средби со познати, дамата ќе се чувствува непотребно. Внимателниот кавалер во никој случај нема да дозволи таква ситуација.
Давање подароци без причина
Модерниот „витез“ нема потреба од никакви специјални прилики за да ѝ испрати на една жена цвеќе или нешто мало и забавно, само за да предизвика искрена насмевка на лицето на својата сакана.
Да ја заштитува со телото
Друг наизглед мал гест, на кој многумина дури и не обрнуваат внимание, е кога вие одите од надворешната страна на тротоар, на тој начин ја браните својата сакана од непредвидливи ситуации.
Да ја бакне во чело
Ако маж ги изразува своите чувства кон жената со нежен бакнеж на челото, бидете сигурни дека тој е многу приврзан кон неа. Дамата од своја страна се чувствува исклучително пријатно.
Да ја испрати со автомобил
Оваа пријатно изненадување го карактеризира мажот како вистински џентлмен, за кој сонува секоја жена. На овој начин тој ѝ покажува на дамата, колку е важно за него е да се грижи за неа.
Да ѝ држи облека
Се разбира, жената и сама може да си облече јакна или палто, но културниот маж секогаш ќе се понуди да ѝ помогне во тоа.Вистината е дека жените секогаш копнеат да им се обрнува внимание на еден елегантен, ненаметлив и романтичен начин. Дури со секојдневните и рутинск

Пронајдете не на следниве мрежи: