Ги фрлил трите деца на покрив за да ги спаси, четвртото дете му го однела поплавата

Секоја штета се санира, но згаснатите човечки животи не можеш да ги вратиш назад. Невини 21 човечки животи стравотно загинаа, давејќи се во вода и кал, од нив најмногу жени и деца.Многу преживеани ќе ги паметат кобните моменти. Медиумите останува да ги пренесуваат приказните, можеби само така човек ќе се подзамисли какво е чувството кога човек ќе треба крвнички да ги фрла своите деца на покривот од гаражата за да ги спаси. Тоа му се случи на татко на четири деца којшто го паркирал својот автомобил кај гаражата кога наеднаш дошла водата и му по потопила автомобилот до покрив. Внатре биле четири деца. Едно по едно ги фрлал на покривот, но последното не успеал да го фати. Водата ја однела и мајка му, бабата на децата, која подоцна ја пронашле удавена во еден канал за поправање автомобили, пренесува ТВ Нова.
Во непосредна близина животот го загубиле и 39-годишна мајка и нејзиниот осумгодишен син од Крива Паланка, кои се враќале од Охрид. Поројот ја зафатил обиколницата каде што тие се движеле.
Енис Мустафа раскажува како по пет години живот во Германија се вратил во Македонија, патувајќи до аеродромот Александар Велики, водата му го поплавила автомобилот. Тој сведочи за маж кој не успеал да ја спаси сопствената жена која се удавила во автомобилот а тој успеал да се извлече. Водата го однела и неговиот автомобил во кој била и неговата сопруга, но некако успеале да се спасат.
Животната приказна на Жаклина од Куманово заврши кобно. Таа со семејството се враќала од Охрид кон Куманово. Кога нивниот автомобил го голтнала водата тие продолжиле пеш. Фамилијата на Жаклина се пробивале низ бурата, додека таа исчезнала. Залудни биле обидите на нејзиниот брат да ја пронајде и да ја спаси.
На нејзината снаа со две малолетни деца им помогнале луѓе кои наишле со комби, а братот продолжил да ја бара сестрата во текот на ноќта. Утринава му била соопштена тажната вест дека е пронајдена удавена. Жаклина и семејството на брат и вчера заминале на еднодневна прошетка во Охрид, бидејќи децата им биле на одмор.
Владимир, возачот на камионот, кој ја преживеа несреќата кога Смилковското езеро се излеало од коритото изјави дека во моментот кога сакал да спаси едно дете, надојдената вода му го однела детето заедно со неговите родители.
Многу луѓе кои истата вечер патувале и сакале да влезат во Скопје, сведочат дека на влезот во Скопје, пред обиколницата биле запирани од млад непознат човек кој ги предупредувал на лошата и опасна ситуација на обиколницата. Тие својот пат кон домовите го пренасочувале по други пристапни патишта, со што практично си ги спасиле и животите.
Луѓето сведочат дека човекот бил многу хуман, едноставно реагирал човечки и им помагал на луѓето. Спасените коментираат дека вакви луѓе ја враќаат вербата во човештвото.
Скопјани велат дека трагедијата ги потсети на поплавата од ноември 1962 година кога беа поплавени околу 5.000 куќи. Ова поплава беше предвесник на поголема трагедија која се случи во градот неколку месеци подоцна.
Некогашниот поплавен плоштад во Скопје од излевањето на Вардар, денеска е поплавен од хумани луѓе кои донираат за настраданите семејства.Многу преживеани ќе ги паметат кобните моменти. Медиумите останува да ги пренесуваат приказните, можеби само така човек ќе се подзамисли какво е чу

Пронајдете не на следниве мрежи: