Ги правите ли и вие овие грешки со леќите?

Леќите се одлична замена за летните денови кога ни требаат два вида очила, за сонце и со диоптер. Меѓутоа, носењето леќи со себе носи и одреден ризик и заради тоа мора да ги избегнувате овие грешки!Со оглед на тоа дека ги ставаме директно во око, носењето леќи може да донесе сериозни последици. Заради тоа би требало да се држиме до упастствата на офталмолозите и да ги менуваме леќите во зависност од рокот на траење. Ако не го правиме тоа, постои ризик од воспаленија и инфекции на окото, како и низа други заболувања.
Овие грешки не смеете да ги правите!
Не смеете да спиете со леќи: Како и нам, и на очите им треба одмор, а спиењето со леќи му ја отежнува борбата против бактериите на окото. Затоа, не бидете мрзеливи и извадете ги леќите исто како што би ги извадиле и очилата пред спиење.
Допирање на леќите со неизмиени раце: Пред допирањето на леќите, без разлика на тоа дали се во кутија или во очите, морате да ги измиете рацете. Бројот на бактериите што ги имате на рацете е многу голем, бидејќи го фаќате мобилниот, тастатурата на работа… а сите тие бактерии  можат да му наштетат на окото!
Не ги чистите леќите како што треба: Леќите треба да се чистат ако не се добро исчистени, од истата причина: бактериите можат да дојдат до окото и да предизвикаат инфекции и воспаленија. Измијте ги рацете како што треба, ставете малку течност за леќи на дланката, и внимателно истријте ја леќата за да ја исчистите.

Не ја менувате секојдневно течноста за леќи во кутијата: Пред да ги ставите леќите во кутијата, извадете ја течноста и ставете нова. Најидеално би било кога веднаш по ставањето на леќите наутро да ја извадите течноста и да ја измиете кутијата со вода, па откако ќе се исуши, навечер повторно да ја наполните со нова течност.
Се бањате или туширате со леќи: Водата во базените е хлорирана, а контактот на леќите со водата може да предизвика страшна инфекција бидејќи во неа може да се најде опасната амеба Aconthamoeba. Иако ова е редок случај, базените сепак не се најчисто место, и најдобро е на такви места да носите очила или да бидете целосно сигурни дека нема да ви влезе вода во око.
Ги држите леќите предолго: Леќите би требало да ги носите од 12-14 часа, не подолго, а штом можете дајте им одмор на очите. Очите се еден од нашите најважни органи, и заради тоа немојте да си играте со нив. Кога сте дома, носете очила и вадете ги по потреба-најважно е да запомните дека не се сите диоптрии исти и дека морат да пронајдете леќи кои одлично ви одговараат и да знаете колку долго можете да ги носите.Со оглед на тоа дека ги ставаме директно во око, носењето леќи може да донесе сериозни последици. Заради тоа би требало да се држиме до упастствата

Пронајдете не на следниве мрежи: