Додека Исидора Бјелица по трет пат се бори со смртоносната болест, Јелена Голубовиќ продолжува да ја напаѓа, не водејќи сметка за нејзината тешка здравствена состојба, а себеси се претставува како голем верник.Имено, на Малдивите се покренал разговор за Исидора, а Јелена бесно реагирала дека Исидора го добила тоа што го заслужила.
„Најмногу мразам кога некој нема што да каже за некого, па ќе каже само дека е добра. А истата таа Исидора Бјелица ми должи пари. Ѝ реков, секој оној којшто ме има измамено, не си поминал добро, па ниту Исидора Бјелица. Тоа и јас ѝ го прогнозирав. Врз туѓи солзи не се гради среќа, а токму тоа го направи Бјелица“, рекла Јелена.
Да потсетиме, Јелена Голубовиќ пред две години во реалното шоу „Фарма“ изнела тешки обвиненија на сметка на писателката, велејќи дека Исидора измислила дека боледува од рак за да дојде до пари. Потоа ја обвинила Бјелица дека ѝ должи 2.500 евра. Писателката веднаш се огласила преку Твитер: „Никогаш никој нема претрпено волку гнасни и нечовечки напади и монструозни лаги како што јас доживеав од извесната Ј. Г.“.
На Исидора Бјелица пред две години ѝ беше дијагностициран карцином на јајниците и отиде на тешка операција при која ѝ беше извадена матката. Иако се мислеше дека таа ја победи болеста, Исидора повторно води голема битка за живот.Имено, на Малдивите се покренал разговор за Исидора, а Јелена бесно реагирала дека Исидора го добила тоа што го заслужила.
„Најмногу



