Главна цел на форсирањето на Платформата е промена на името и идентитетот на државата

Платформата на албанските партии која беше подготвена во Тирана, по покровителство на албанскиот премиер Еди Рама, освен што предвидува воведување двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб, вметнување на албанскиот јазик на парите и воведување казни за неупотреба на албанскиот јазик, има за цел и промена на името и идентитетот на Македонија.Ова го предвидува точката 5. Од платформата, која гласи:
Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
Покрај тоа во декларацијата се бара и вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
Ова би значело дека доколку СДСМ дојде на власт заедно со албанските партии кои имаат пратеници, во најскоро време би се променило името Македонија, но и идентитетот на државата, што покажува дека СДСМ е подготвена да ги прифати условите на Грција во спорот, само за да дојде на власт.
За ова барањето за вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција нема друго образложение, освен да се вршат дополнителни притисоци и да се слабее позицијата на Република Македонија во преговорите со Грција. Ова е невиден пример во светот каде што едно етничко малцинство преговара за етнички спорови на мнозинството граѓани на државата.
Во својата најнова колумна, со слична анализа на ситуацијата излезе и главниот и одговорен уредник на весникот Дневник, Дарко Јаневски.
– Албанците од Македонија ќе оделе во НАТО и ЕУ по секоја цена, со Македонците или без нив, сеедно. Тоа е најновата драматична порака што беше испратена до мнозинскиот народ во земјата и нејзината влада. Ако до декември не се реши проблемот со името, тогаш Албанците ќе ја радикализираат состојбата. Kако тоа ќе го сторат, гласникот Рафиз Алити не знае, ама е сигурен: неговите сонародници ќе одат за Брисел, ако треба и сами, пишува Јаневски во колумната.
Тој предвидува дека би можела да се случи нова војна, која би завршила не со отцепување на Илирида, туку, како што вели, со некаков нов рамковен договор, но овој пат не за тоа кому Албанците ќе му плаќаат мито за купување диплома, туку за ново словенско-албанско име на Македонија. Според Јаневски, ваквата војна би имала цел да ги замрзне приемот на Република Македонија во НАТО и Европската Унија за нови десетина години, нешто што Грците би го платиле со суво злато.
Најава за промена на името дојде и од екс министерот и кандидат за претседател на СДСМ, Љубомир Фрчковски, кој истакна дека оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.
-Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, вели Фрчковски.
Во целото сценарио за разнебитување на Македонија се игра на картата на игнорирање на револтот на народот кој од понеделникот, секој ден протестира низ улиците во сите градови низ Македонија. И покрај тоа што повеќе од 100.000 луѓе секојдневно се надвор и јасно и гласно го кажуваат својот став за албанската платформа, СДСМ и ДУИ се подготвени да формираат заедничка влада и да ја протнат платформата направена во Тирана.
Главните сценаристи се уште прават калкулации дека народот ќе биде мирен и дека и покрај секојдневните протести ќе ја изгласаат Тиранската Влада на американскиот амбасадор Џес Бејли, со сите планови во неа.
ДУИ во наредниот период би требало да му помогне на СДСМ со помека реторика околу договореното, и со лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ дека платформата веќе била прифатена. Логиката на ваквото делување е во народната „трај – прај“, односно со помалку галама во медиумите да реализираат што е можно повеќе елементи од платформата.Ова го предвидува точката 5. Од платформата, која гласи:
Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на

Пронајдете не на следниве мрежи: