Главните дилери од „Франкфуртската мафија“ биле во Македонија?!

Во текот на меѓународната операција беа идентификувани три криминални групи составени од државјани на Р.Македонија, во кои ораганизаторите на овие криминални групи престојуваат во Р.Македонија од каде ги регрутираат и обучуваат членовите и ги координираат активностите поврзани со  недозволена трговија со дрога, поточно им даваат насоки и инструкции на уличните дилери во Франкфурт и околината.Последното продолжение на истрагата против таканаречената „Франкфурт мафија“ заедно со германските служби го реализиравме во периодот од Септември 2012 до Септември 2013 година, при што беа обезбедени докази и беа лишени од слобода лица, припадници на организирани криминални групи, кои организирале улично дилерство на препродавачи на дрога на нарко зависници на подрачјето на градот Франкфурт и неговата околина на територијата на Германија, истакна министерката Јанкуловска.
Во рамките на заедничката истрага беа опфатени 62 лица од кои 44 лица во Германија и 18 во Македонија. Од лицата приведени во Германија, 26-мина се македонски државјани.
При активностите во Германија, нашите партнери запленија 700 килограми смеса за мешање на хероин, 5 килограми чист хероин и над 5 килограми кокаин, како и 30 000 евра. Ние запленивме околу 5 килограми хероин кој членовите на групата од Македонија се обидуваа да го внесат од Турција со намера да го транспортираат за Франкфурт, но и помала количина на марихуана и амфетамин.
За време на меѓународната операција обезбедени се докази со примена на посебни истражни мерки во Р.Македонија и докази од Германската служба за борба против дрога за инволвираност во недозволена трговија со дрога на 8 лица од Р.Македонија кои се поврзуваат со гореспоменатите заплени во Франкфурт и против 6 од нив до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени три кривични пријави.
Едно лице веќе е пријавено и издржува казна затвор, додека друго 31 годишно лице од Свети Николе, инаку познат дилер,  кај кого за време на претресот е пронајдена марихуана и амфетамин е пријавен одвоено за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Нему како и на останатите надлежните судови им одредија мерка притвор во траење од 30 дена. На две лица кои не се достапни, мерката им е изречена во отсуство.
Кај 10 лица во земјава е направен претрес поради сомнеж дека се инволвирани во „Перење пари“, односно дека нивни фирми или фирми кои се во сопственост на нивни блиски биле користени за пуштање во легален промет на незаконски стекнатите пари. Од тие причини во истрагата вчера се вклучи и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, а се очекува од нашите партнери од Германија да ни бидат доставени докази за некои трансфери по што ќе бидат комплетирани постапките и против овие лица. Накусо би се осврнала и на трите криминални групи кои дејствувале во Франкфурт.
Прочитајте повеќе на mkd-news.comПоследното продолжение на истрагата против таканаречената „Франкфурт мафија“ заедно со германските служби го реализиравме во периодот о

Пронајдете не на следниве мрежи: