Пејачот и поранешниот учесник во шоуто „Парови“ Игор Икс, одлучи да ја тужи поранешната сопруга Мина Костиќ, пренесе српски „Ало“.Причината за тужбата е тоа што таа наводно не му давала да ја гледа ќерката Анастасија, иако при разделбата се договориле дека може да ја гледа кога и да посака.
„Тужбата пред неколку дена стигна на домашната адреса на Мина. Игор ми рече дека секогаш кога посакал да ја види ќерката, Мина секогаш му велела дека постојат поважни обврски кои мора да се завршат. Тој веќе не сакаше да го трпи тоа, бидејќи е многу врзан за Анастасија и одлучи да покрене тужба против Мина. Судот нека одлучи кога и колку ќе може да го гледа своето дете. Рочиштето е закажано за месец дена, кога поранешните сопружници повторно ќе се погледнат во очи за да го решат проблемот“, изјавил добро упатениот извор.
Игор ја потврдил целата приказна, додека Мина одбила да открива повеќе детали за случајот.Причината за тужбата е тоа што таа наводно не му давала да ја гледа ќерката Анастасија, иако при разделбата се договориле дека може да ја гледа ког



