Го научив синот да биде мајстор во сексот: Се започна кога ме фати како гледам порно филмови…

Loading...

Eдинствено нешто што оваа мајка сака е нејзиниот син да биде во состојба да задоволи една жена и психички и физички.Родителството е тешка животна задача, но сепак им е најтешко на самохраните мајки со синовите кои се тинејџери. Тогаш треба да се обрне внимние на сексуалното воспитување и машко- женските односи, а за многу мајки тоа е преголем предизвик.
Аманда Линч му порачала на синот Стенли (17) дека сака да биде среќен и задоволен, но и декa сака да биде внимателен во спалната соба.

Во своето отворено писмо, опишала колку е тешко да се воспита едно дете.
„Се надевам дека ќе биде во состојба да задоволи една жена и физички и психички. Мојата последна работа, како мајка и жена, е да го научам да ја почитува својата партнерка.
Таа мисла ми пројде низ глава нред нкое утро, откако Стенли стигна дома по ноќно забавување.
Веќе некое време претпоставувам дека е сексуално активен, а се што сторив е на традиционалниот, кукавички начин да му оставам пакување кондоми во фиоката во неговата соба и да се надевам на најдоброто.
Никогаш не сме разговарале за „птиците и пилињата“, или за емоците кои одат рака под рака со физичкиот однос. Разговаравме за дрога и алкохол, а оваа тема ја избегнував.

 
Некои од вас, може ќе помислат дека сум ја минала границата како мајка и дека татковците се тие кои треба да разговараат со синовите.
За жал јас немам избор, татакото на Стенли почина пред три години. Се е на мене.
Во почетокот, имав неколку неуспешни обиди за разговор со својот син на таа тема. Кога излегуваше му велев да запомни дека е најдобро да се спречи отколку да се лечи и дека „не“ значи „не“, на што тој ми одговараше да се смирам и дека тој не е силувач.
Можеби некои мајки тука престанале и ги пуштиле своите деца понатаму сами да се снаоѓаат и да го пронајдат вистинскиот пат. Но, живееме во време кога сексот е многу комплициран. Младите денес првото сексуално искуство го стекнуваат преку интернет. Со еден клик на истиот лап топ на кој вашето дете го пишува своето домашно, може да биде бомбрдиран со најпрости порно снимки. Сето тоа е многу далеку од невините и неспретни почетоци од времето намојата генерација.
Не е ни чудо што истражувањата откриле огромен број на момчиња чие сексуално здравје е деформирано и оштетено од гледање на онлајн порно филмови.

Сфатив дека предолго го одложував разговорот со Стенли. Му должам на синот и целото општество да му обезбеам здрав и урамнотежен став кон сексот и жените. За да го постигнам тоа морав со него да разговарам на начин на кој никогаш порано не сме разговарале.
 
Баш како што мајките ги учат синовите да го почитуваат авторитетот, да погледнат во двете насоки пред да минат улица и здраво да се хранат, еднакво е важно да ги подготват на овој клучен дел од растењето.
За среќа, дури и пред да одлучам со него да разговарам за тоа, знаев дека Стенли е грижлив, духовит, отворен и дека му е пријатно во друштво на жени. Но, без оглед на стабилноста на мојот син и доброто чувство, не сум толку наивна да поверувам дека никогаш не гледал порнич. Големи се шансите, токму како и повеќето тинејџери, на кои интернетот им е на дофат на рака. Сигурно веќе видел и што треба и што не треба.
Искрено, порно филмовите беа мојот најголем проблем. Можам да прифатам возрасни да ги гледаат за да го зачинат својот живот, но тоа не би требало да биде достапно за децата. Ми пречи што жените во тие филмови се често деградирани, а присутно е и сексуално насилство.
Сфатив дека морам да превземам нешто. Во мое време, храбар беше оној тинејџер кој купувал списанија со голи жени, а тоа е многу понаивно од она што денес им е достапно на тинејџерите.

 
Кога бев сигурна дека Стенли не е дома, седнав во софа и отворив „free porn“, баш како секој почетник тинејџер. Имаше многу видеа. Прво бев љубопитна, потоа бунтовна, а на крај само празна и тажна. Филмовите праќаа погрешна порака дека жените се машини. Едноставно притисмнете неколку копчиња и таа веднаш ќе го доживее врвот, гласно и со благодарност.
Немаше ни трага од фактот дека жените во релноста се комплицирани, дека сексот може да биде неспретен и нежен како и дек првиот оргазам може да биде многу недостижен.
Заборавив на времето, а потоа го слушнав Стенли како ја отклучува вратата. Очајнички го барав тастерот за исклучување на звукот. Бев фатена на дело. Ми беше срам, а тој беше збунет.
Сепак, таа случајност ми овозможи конечно да започнм отворен разговор со него.
Бидејќи го исклучив компјутерот, Стенли призна дека моите грижи задоцниле. Сето тоа тој го видел 4 години порано. Но со текот на времето тоа почнало да му изгледа депресивно и престанал.

Стенли призна дека неколку негови пријатели се навлекле на тоа, но дека тоа престанало со нивното прво сексуално искуство.
Загрижено го прашав дали очекувал неговиот прв секс да биде како оној во филмовите, на што мирно ми одговори дека не е идиот. Конечно започнавме сериозен разговор за сексот.
 
Стенли ми зборуваше за огромниот притисок на момчињата да ја изгубат невиноста. И да, тој бил меѓу првите од своите пријатели кој имал однос. Било на традиционален начин, на спрат од куќа во која имало забава и тоа на куп капути. Користел заштита, на мое големо олеснување. На почетокот не било „мед и млеко“, но со искуство и пракса станувало подобро.
Разговаравме за се, и наизглед ги минавме границите.

 
Што се однесува до моите најголеми грижи- дали ќе биде нежен љубовник и внимателен кон својата партнерка- тие се ублажија.
Кога разговаравме за емоциите кои неговата партнерка би можела да ги доживее, му кажав да ја почитува бидејќи таа му подарува нешто. Покажа разбирање за она што му го велев.
Одеднаш станв многу горда на него. Мојот син размислува правилно и убаво се однесува. Има урамнотежен, разумен и добар однос кон сексот. И покрај сите ужаси во светот, кои се достапни на допира на само еден тастер, мојот син има зрел став кон спротивниот пол.
Мајчинството не е лесно
Стенли во раните тинејџерски години понекогаш беше невозможен, удираше по вратите, превртуваше со очите и сега знам дека во тоа време ваквиот разговор би бил невозможен, поготово со ваков исход.
На крај, можеби овој разговор повеќе ми допринесе мене отколку нему. Сега сум сигурна дека тој созрева во сериозен, чувствителен маж. Од секогш сум се надевала дека ќе биде таков. Неговите идни партнерки се вистински среќнички.
Се на се, мислам дека испадна прилично добро.
Мисија успешна“Родителството е тешка животна задача, но сепак им е најтешко на самохраните мајки со синовите кои се тинејџери. Тогаш треба да се обрне внимние на

loading...