Оваа жена се потруди крајот на 20-от век на светската политичка сцена да биде одбележан со голем скандал. Моника Левински пред 17 години со аферата со тогашниот американски претседател Бил Клинтон ја раздрма Белата Куќа, но и целиот свет, а по скандалот останаа разни сведочења. Денес кога би ја сретнале главната актерка, тешко дека ќе ја препознаете. Моника е сега друга жена.Моника Левински заблескала во црвен фустан на вчерашната забава на „Vаnity fair“, а повод било доделувањето на наградите Оскар, а локација Беверли Хилс.
Жената која кон крајот на 90-те години ја раздрма Америка, била една од најзапазените гстинки на забавата.
Баш како што вчера нејзиниот фустан бил жежок, така во 1998 година вистинска „бомба“ ја запали Америка. А тоа е веста дека помеѓу Левински и Бил Клинтон се случил секс, и тоа во Округлиот кабинет на Белата куќа, кој стана најпознатиот кабинет на планетата. Приказната за врската помеѓу секретарката и претседателот успеа да ги засени сите светски вести.
Моника Левински била „храбра“, па отворео зборувала дека со тогашниот претседател Клинтон имала орален секс. Клинтон прво ги одрекувал на суд тие изјави, но чуениот син фустан на госпоѓица Левински, кој содржел ДНК доказ, го натерала да ѝ се извини на јавноста поради лагите и да ја признае аферата.
Извинувањето на Клинтон не ја смири страста, па скандалите на релација Моника- Бил- Хилари не престануваа.
Реакциите на Хилари Клинтон на скандалот од 1998 година детално во своите белешки ги опишала нејзината блиска пријателка Дајан Блер, која работела како професорка по политички науки на Универзитетот во Арканзас.
„Тоа беше грешка, но таа (Хилари) истакнуваше во негова корист дека сака да раскине, да се повлече, да контролира некого кој е очигледно „нарцисоиден“ и „комичен“ лик, но работата излезе од контрола“, напишала Блер.
Скандалот на левински според некои за малку ќе ја уништел кариерата на Бил Клинтон, според други бил пресуден за неговото повторно издигнување.
Моника минатата година дала интервју во кое открила колку ѝ било тешко по сексуалната фера со Клинтон.
„Многу жалам поради се што се случи помеѓу мене со претседателот. Некои сметаат дека Клинтон ми плати за да молчам. Ве уверувам дека тоа е далеку од вистината“, кажала Левински
Таа порачала дека на почетокот се согласила на врска со него, но дека подоцна тој ја злоупотребувал.
„Секако, шефот ме искористи, ќе останам при тоа дека и двајцата се согласивме на таа врска. Злоупотребувањето почна подоцна, кога станав жртвено јагне за да ја заштитам неговата позиција. Администрацијата на Клинтон, останатите политичари и медиумите ме жигосаа, а тој жиг остана бидејќи беше проткаан со моќ“, додала таа.
По аферата Моника живеела во Лондон, каде магистрирала социјална психологија. Живеела и во Лос Анџелес, Њујорк и Портланд.Моника Левински заблескала во црвен фустан на вчерашната забава на „Vаnity fair“, а повод било доделувањето на наградите Оскар, а локац



