Го преживеа падот на авионот на Чапекоензе и откри шокантни детали: Еве што се случуваше непосредно пред несреќата!

Новинарот Рафаел Хензел, кој го преживеа падот на авионот со фудбалерите на Чапекоензе, раскажа дека пилотот во последните моменти пред несреќата ниту еднаш не им рекол на патниците да се врзат со појаси, пренесува „Дејли Мејл“.Хензел сѐ уште се наоѓа во Колумбија кадешто закрепнува од повредите, а во последните моменти пред падот говореше за „Фантастико програм“ во неделата…
-Ниту еднаш не ни беше кажано од страна на пилотот или посадата да врземе појаси. Само продолживме да летаме без идеја што ќе се случи – изјавил радискиот новинар од Бразил.
Хензел исто така раскажал дека пред крај на летот патниците почнале да се распрашуваат кога ќе слетаат, на што членовите на посадата им одговориле „за десет минути“.
-Наеднаш се изгасија светлата и откажаа моторите, а сите потрчаа кон своите места и настојуваа да си ги врзат појасите непосредно пред ударот на авионот – рекол Хензел.
Кога се разбудил, околу себе видел луѓе од службите за спасување, а поради седум скршени ребра трпел голема болка.
-Почнав да ги довикувам колегите, но беа мртви. Верувам дека преживеав само затоа што се разбудив кога покрај мене поминуваа припадниците на службите за спасување – рекол Хензел.
На крај изрази гадење поради причината на несреќата (недостаток на гориво):
-Луѓе загинаа поради лоша проценка. Тоа е одвратно.Хензел сѐ уште се наоѓа во Колумбија кадешто закрепнува од повредите, а во последните моменти пред падот говореше за „Фантастико програм&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: