Гога Секулиќ по година ипол од смртта на сопругот открива низ каков ПЕКОЛ поминува

Гога Секулиќ (37) и по една ипол година  од изненадната смрт на сопругот Игор Рамовиќ (41), води битка со демони.„По смртта на Игор останав сосема сама. И денес, кога одамна помина годишнината од неговата смрт, плаќам долгови кои останаа од неговото лечење. Одевме кај најдобрите светски доктори и се обидувавме да направиме се за да го спасиме, но не успевме. Сите сметки од болниците ги превзедов на себе“, вели  Гога.
Сепак, како што вели, не сака да се жали, туку да покаже колку е силна.
„Не се жалам. Знам дека другите со тоа се хранат. Како да кажам, ако  добро изгледам, ќе речат луѓето: ‘Види ја, го заборави покојниот сопруг’, а ако сум тажна, ќе речат: ‘Само кука’. Со семејството на Игор го прекинав  секој контакт, а со свекрвата се гледам само на суд. Секој ден одев на гробот и секогаш ќе го сакам, но од тагата нема корист“.
Пејачката сега се посветила на себе и кариерата
„Знам дека сопругот ме гледа одозгора, постојано го чувствувам неговото присуство, тој не би сакал постојано да плачам. Ние имавме таква љубов, што само можам да им ја посакам на сите. Сега работам, вложувам во себе. Ми одговара кога луѓето ми даваат комплименти, но гледам дека мажите имаат некаков страв кога треба да ми пријдат. Длабоко го  почитуваат мојот спомен на Игор. Ниту еден никогаш нема да го замени“, заклучува Гога Секулиќ.„По смртта на Игор останав сосема сама. И денес, кога одамна помина годишнината од неговата смрт, плаќам долгови кои останаа од неговото лече

Пронајдете не на следниве мрежи: