Најдобро рангираниот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ (28) изјави дека тенисерите би требало да бидат повеќе платени од тенисерките затоа што привлекуваат повеќе гледачи на тениските натпревари.Еднакви парични награди има на сите четири гранд слем турнири, во Мелбурн, Париз, на турнирот во Вимблдон (Лондон) и Њујорк, како и на мастер турнирите во Индијан Велс и во Мајами.
По победата на турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ се заложи за тоа „машкиот тенис задолжително да се избори за повеќе (пари)“.
Тој вели дека жените-тенисерки „се борат за она што го заслужуваат и тие го постигнуваат тоа“, но смета дека парите од наградите на турнирите „мора да се распределуваат на фер начин“ според тоа кој привлекува поголемо внимание меѓу гледачите и кој продава повеќе влезници.
Американките медиуми открија дека во текот на 2015 година, машките турнири ги гледале 973 милиони гледачи, додека женските 395 милиони луѓе.
На најпрестижниот турнир во Вимблдон, машкото финале минатата година го гледале 9,3 милиони гледачи, додека женското 4,3 милиони.
Во 2015 година, Ѓоковиќ, како рекет број еден во светот, има заработено 21, 6 милиони долари, додека Серена Вилијамс, од истата позиција кај тенисерките, 10,5 милиони долари.Еднакви парични награди има на сите четири гранд слем турнири, во Мелбурн, Париз, на турнирот во Вимблдон (Лондон) и Њујорк, како и на мастер турни



