ГОЛЕМ ЕВРОВИЗИСКИ СКАНДАЛ: Победата на Шведска е наместена?!

Ниту по третиот ден од финалето на „Евровизија“ во Виена, не се смируваат страстите околу сомнителната победа на Шведска и скандалот со гласовите од Македонија и Црна Гора, пишува српски „Курир“.Според весникот, станува збор за голема измама, бидејќи гласовите на публиката немаат скоро никаква важност. После промените во системот на натпреварување минатата година, конците во рака ги држи жирито, а скапо платените смс-пораки скоро и да не влијаат врз резултатот.
Имено, доколку некоја песна добие 12 бодови од гледачите, тоа не значи ништо доколку „стручното жири“ таа земја не ја рангира меѓу првите десет, бидејќи сите подолу од десеттото место по процена на жирито, го остава изведувачот без бодови. Без оглед на тоа што од публиката добил најмногу гласови.
Македонија и Црна Гора сфатија дека новиот систем на гласање не е праведен, така што ги соопштија само гласовите на публиката, пишува „Курир.рс“, додавајќи дека поради тоа страдала Србија, на која ѝ одзеле 22 поени, колку што вкупно ѝ дадоа двете земји.
„Само мал број на национални телевизии ќе се пријави за следната година. Бојана Стаменов мораше да биде меѓу првите пет најдобри. Слушнавте каков аплуз доби. Несфатливо е од 20 земји да добиеме 0 поени“, вели Драган Илиќ, шеф на српската евровизиска делегација.
Тој смета дека поради ваквиот однос према учесниците, наредната година следи бојкот на фестивалот.
Според весникот, веќе 11 земји најавиле дека нема да испратат претставници во Шведска следната година.Според весникот, станува збор за голема измама, бидејќи гласовите на публиката немаат скоро никаква важност. После промените во системот на натпрев

Пронајдете не на следниве мрежи: