Голем пресврт во истрагата на убиството на Јелена Марјановиќ: Во автомобилот на Марјановиќ пронајдени…

После 73 дена од мистериозното убиство на пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ, полицијата открила нова трага. Имено, од примероците кои биле земени од автомобилите на семејството Марјановиќ, форензичарите успеале да изолираат траги од човечка крв. Во полиција објаснуваат дека трагите крв се изолирани после 73 дена истрага, поради што автомобилите биле испрани  и  чистени  со киселина, па тоа дополнително ја успорило истрагата.Поради  оваа трага, обвинителството наложило ново сослушување на сите од семејството Марјановиќ, на кои ќе им биде понудено тестирање на полиграф.
„Истрагата не застана и  секој  ден имаме нови сознанија и  индиции за разрешување на убиството. На самиот почеток на истрагата, на членовите на семејството им запленивме некои предмети поради испитување. Меѓу нив се и автомобилите марка „југо“ и „мерцедес“, како и  обувки, теписи, воздушната пушка на Зоран“, објаснува извор од обвинителството.
Тој  додал и  дека на примероците земени од автомобилите биле пронајдени траги од крв, кои  не мораат  да имаат врска со  злосторството.
„Ќе ве потсетам дека полицијата со вештачење на предмети од куќата на Марјановиќ, утврди дека сите работи, ѕидовите и  се останато било измиено со варакина.  Тоа тогаш беше сомнително, но  без материјален доказ не можевме да реагираме“, вели  извор близок на истрагата.

 
Криминологот Златко Николиќ истакнува дека нови траги  би можеле да бидат  од клучно значење за решавање на случајот.

„Доколку изолираните траги  со крв се совпаднат со ДНК на Јелена Марјановиќ, тоа ќе биде значаен доказ за полицијата. Крвта има таков состав што  не може да се   отстрани  ниту  со варакина, ниту  со  други средства“, нагласува Николиќ.Поради  оваа трага, обвинителството наложило ново сослушување на сите од семејството Марјановиќ, на кои ќе им биде понудено тестирање на полиг

Пронајдете не на следниве мрежи: