Мирсад О, попознат како Ебу Тејма, кој инаку е државјанин на Австрија со потекло од Тутин, беше уапсен во големата акција на австриската полиција со сомнеж дека финансира тероризам, објави Kroenen Zeitung.Тој важи за главен човек во терористичката ИСИЛ, кој е одговорен за регрутирање на младите муслимани од Виена да заминат во џихад, а го сметаат за одговорен за заминувањето на тинејџерките Самра Кешиновиќ и Сабина Селимовиќ во Сирија. (Види ЛИНК)
Ебу Тејма работел како муслимански свештеник во џамијата Алтун-Алем во 2. виенска општина. Оваа џамија е позната како средиште на радикалните муслимани, поради што била под постојан надзор од страна на Службата за чување на уставниот поредок и борба против тероризмот.
Токму во оваа џамија биле регрутирани и боснаксите тинејџерки кои избегале од дома и отишле на џихад во Сирија.
Околу 500 припадници на полицијата, меѓу кои и специјалната единица „Кобра“, влегле во станови, џамии и други исламски установи. Се работи за финансирање, но и регрутирање на џихадисти за ИД.
Акцијата започнала вчера околу 4 часот наутро. Австриското министерството за внатрешни работи очекува реакција од радикалните екстремисти поради ова апсење, поради што е прогласен највисок степен на приправност.
Тој важи за главен човек во терористичката ИСИЛ, кој е одговорен за регрутирање на младите муслимани од Виена да заминат во џихад, а го сметаат за



