Ѓорчев: Очекуваме фер и веродостоен исход. Очекуваме ДИК да го верификува она што е волја на граѓаните

Ова го истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за Вестите на ТВ Канал 5 и додаде дека, имавме изборен циклус и изборен ден кој беше верификуван од сите меѓународни и домашни инстанци. -Имаме и Државна изборна комисија која што исто така во вторникот ги кажа резултатите, гласовите на народот и сето тоа едноставно треба да се почитува.
 Граѓаните, додаде тој, се трпеливи затоа што имаат верба во демократскиот процес од кој изборите се неизоставен дел и едноставно никој не сака да се злоупотребува изборната волја на граѓаните која што е јасна.
-Македонија не е ниту прва, ниту последна земја во која што имало тесни избори, имало и ситуации во кои што во многу поголеми држави имало многу помали разлики. Ние и во Македонија сме имале исто така случаи на тесни избори, 96-та година во Пробиштип имавме ситуација во која што градоначалник беше одлучен за 8 гласа. Она што треба да се направи е да му се честита на победникот. Имаме и кошаркарски натпревари кои што завршуваат со 1 или 2 разлика, но она што е фер плеј е да му се честита на победникот. Ние имаме 20.000 разлика. Имаме победа во 50 општини, а СДСМ во десетина општини. Ние имаме победа во 6 од 7 изборни единици, имаме победа во мандати и мислам дека не е добро за било кого се да се оспорува во Македонија.
Заев, рече Ѓорчев, не ги признава изборите кога губи 61:33, не признава избори кога губи 51:49, тој настапува со максимата- Признавам избори само кога победувам.
-Но, треба да се има доблест да се честита на победникот во име на стабилноста на државата, во име на крај на политичката криза и после тоа нормално да се посветиме на сето она што едноставно граѓаните го бараат од нас, а тоа се секојдневни проблеми.Граѓаните, додаде тој, се трпеливи затоа што имаат верба во демократскиот процес од кој изборите се неизоставен дел и едноставно никој не сака да с

Пронајдете не на следниве мрежи: