Ѓорчев порача: Граѓаните да гласаат за унитарна, суверена Македонија

Граѓаните да гласаат за унитарна, суверена Македонија и за нејзиниот уставен поредок, порача денеска од Тетово носителот на изборната листа од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев.Тој пред тетовци посочи дека имаат предвидено многу проекти за овој град и најави дека покрај гигантот „Леар“ кој што треба да отвори повеќе од 2000 нови работни во Тетово ќе бидат донесени и нови инвеститори кои ќе отворат свои фабрики во ТИРЗ Тетово , а со тоа ќе се отворат и нови работни места.
Покрај во Тетово тој посочи дека технолошки индустриски развојна зона ќе има и во Гостивар и мавровско-реканскиот регион.
Ѓорчев најави асфалтирање на улици во Тетово и Гостивар,  автопат до Кичево и до Охрид , поврзување помеѓу Дебар и Кичево, големи инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка, водоводни и канализациони мрежи, поддршка на земјоделците.
-Настојуваме за рестартирање на Југохром  со запазување на еколошките стандарди, затоа што нашата позиција не е како невладините организации на СДСМ кои што се радуваат и прославуваат  дека 700 луѓе заминале дома. За разлика од оние што сакаа да го затворат Југохром, ние сакаме и да има еколошки стандарди и да има инсталирање на филтри и да продолжи да работи фабриката , истакна Ѓорчев.
Посочи дека во сите градови од шестата изборна единица ќе бидат изградени поголем број на спортски сали и огромен број на градинки како дел од државниот проект за 140 градинки низ цела Македонија.
Тој пред тетовци посочи дека имаат предвидено многу проекти за овој град и најави дека покрај гигантот „Леар“ кој што треба да отвори п

Пронајдете не на следниве мрежи: