четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ѓорчев: Учество на државата со 60 проценти во модернизација на земјоделието

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Учество на државата со 60 проценти во набавка на земјоделска опрема, најави  носителот на кандидатската листа за шестата изборна единица, Владимир Ѓорчев кој се наоѓа во Општина Брвеница.-Еден од прориотетите што ги имаме не само за овој полошки регион, туку и за цела Македонија е набавката на земјоделска опрема. Проектот за набавка на земјоделска опрема се покажа како вонредно успешен и во него засега државата покриваше 50 проценти за набавка на трактори, приколки и останата земјоделска опрема. Сега ја зголемуваме помошта на државата и наместо 50, државата ќе покрива 60 посто за набавка на опремата. Инвестираме во модернизација на земјоделието, за да ги развиеме руралните средини. Ќе го зголемиме учеството на државата во осигурување на премиите во земјоделието, наместо 50-50 државата и тука ќе покрива 60 посто од трошоците, истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е асфалтирање на неколку улици во Општина Брвеница, а еден од клучните проекти за овој предел е изградбата на градинка.-Еден од прориотетите што ги имаме не само за овој полошки регион, туку и за цела Македонија е набавката на земјоделска опрема. Проектот за набавка

Поврзани вести