Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ со порака за надеж и зачувување на унитарноста на Македонија

Порака за економски напредок, порака за повеќе инфраструктурни проекти во Тетово и тетовско, порака за за асфалтирање на што поголем број улици и порака за зачувување на унитарноста на Република Македонија, најави носителот на ИЕ6 Владимир Ѓорчев пред обраќањето на митингот во Тетово.-Една од клучните пораки што ќе ги упатиме на митингот ќе биде зачувувањето на уставниот поредок, затоа што најавите што ги слушаме и оние работи коишто циркулираат помеѓу луѓето ги држат во една неизвесност. Пораката на ВМРО-ДПМНЕ е една порака на надеж, порака за зачувување на уставниот поредок на Република Македонија, силна порака на унитарноста и една порака што вели дека нè има доволно и сакаме да градиме и соживот и унитарност, изјави Ѓорчев во мобилното студио на ТВ НОВА.
Тој додаде дека владејачката партија подава рака и кон незадоволните гласачи на СДСМ.
-Ние подаваме отворена рака кон гласачите на СДСМ. За победа со 63 пратеници потребна ни е и нивната помош. Во нивните редови има голем број незадоволни граѓани на кои додека ги слушаат најавите на Заев за редефинирање на уставниот поредок не им е сеедно. Не им е сеедно кога ќе видат етнички платформи на соработка меѓу Тетово, Тирана, Приштина, Улцин. Не им е сеедно ни на граѓаните кога ќе видат мапи што значат редефинирање на она што се нарекува поредок на Балканот и поредок на Република Македонија, истакна Ѓорчев.-Една од клучните пораки што ќе ги упатиме на митингот ќе биде зачувувањето на уставниот поредок, затоа што најавите што ги слушаме и оние работи к

Пронајдете не на следниве мрежи: