Ѓорѓија Џорџ Атанасоски оствари средби со Амбасадорот Васко Наумовски и Претседателот на ОМД Мето Колоски

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски оствари средби со Амбасадорот Васко Наумовски и Претседателот на ОМД Мето Колоски По повод инаугурацијата на Доналд Трамп за нов, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Македонската Алијанса ја соопштува следната вест:
Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го искористи престојот во Вашингтон да оствари средба со Македонскиот Амбасадор во САД, Васко Наумовски.
После осамостојувањето на Република Македонија, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски активно лобира за воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и САД, кои конечно со целосен капацитет се воспоставуваат во текот на септември 1995 година. Тој несебично помага во обезбедувањето на денешниот репрезентативен објект кој е седиште на нашата Амбасада во Вашингтон и одржува редовни и одлични контакти со речиси сите досегашни официјални дипломатски претставници на Македонија во САД.
Земајќи предвид дека Атанасоски има одлични релации со Наумовски, на средбата беа реафирмирани заедничките заложби за воспоставување на односи со Администрацијата на новиот Претседател на САД, Доналд Трамп, кои ќе му помогнат и на Македонскиот народ и на Македонија да ги оствари своите стратешки цели за сигурна и просперитетна иднина.
Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, оствари средба и со Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Мето Колоски.
Уште во 70-тите години од минатиот век, веднаш по стапнувањето на Американскиот континент, Атанасоски ја започна својата мисија за создавање на независна и суверена Македонија. Паралелно со својот професионален развој, тој неуморно е активен и со учество, покровителство, а најчесто и со организација на речиси сите поголеми Македонски иницијативи во САД, кои се насочени кон остварување на неговиот најголем сон – да ја види својата Татковина, обединета и силна.
На средбата Атанасоски и Колоски заеднички заклучија дека претставува хендикеп тоа што Македонската Дијаспора нема веќе свои избрани пратеници во новиот состав на Македонското Собрание. Земајќи предвид дека Атанасоски е многу често во Македонија каде е активен со својата политичка партија Македонска Алијанса, тој ја превзема обврската со своето делување во Татковината и регионот да стори се’ што е во негова моќ за да се слушне гласот на сите браќа и сестри Македонци кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора ќе продолжи да ја застапува идејата за измени во Изборниот закон со што ќе се воведе една изборна единица, во која ќе се вклучат и гласовите на Дијаспората, чиј легитимитет никој повеќе нема да може да го оспорува, а истовремено преку отворени листи ќе се овозможи поголема и праведна рамнотежа во Собранието.
Атанасоски и Колоски се согласија дека со изборот на Доналд Трамп за нов Претседател на САД се отвораат нови перспективи за Македонија. Со очекување за намалено влијание на исклучително моќната Грчка Дијаспора која традиционално е блиска со Демократската партија, може да се надеваме на поголем но принципиелен притисок на идната администрација на САД за почитување на меѓународното право што ќе обезбеди напредок во Евроатланските интеграции на Татковината.
Битката за одбрана на најсветото, Македонското име и идентитет, продолжува!По повод инаугурацијата на Доналд Трамп за нов, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Македонската Алијанса ја соопштува с

Пронајдете не на следниве мрежи: