Кон почетокот на годината, старлетата Ким Кардашијан се соочи со обвиненија дека во потполност го копирала изгледот на српската музичка дива Јелена Карлеуша по што синокосата ѕвезда во уште неколку ситуации беше претставена како еден вид идол на популарните сестри.Но, повторно се случи нешто интересно, а има врска со гостувањето на Јелена во емисијата „Народот прашува“, кадешто изведе многу песни од домашни изведувачи и ги воодушеви гледачите, но таа сигурно не размислуваше за тоа дека на овој начин повторно ќе го покрене светот да зборува за неа и дека на Твитер ќе пламне дискусија поради нејзиното пеење, а сѐ поради тоа што нејзиниот талент ѝ го припишаа на Кајли Џенер.
Имено, на Твитер кружи исечок од емисијата дека сите би требало да престанат да ја понижуваат Кајли дека не поседува никаков талент, бидејќи врвно пее.
„И после велат дека Кајли Џенер не е талентирана“ – стоел коментар во твит, по што се надоврзале многу корисници.
„Не знаев дека Кајли е толку талентирана за пеење! Ова е неверојатно, на кој јазик пее“ – бил еден од твитовите.
И додека многу фанови на оваа девојка се тркаат да ѝ дадат комплимент дека феноменално пее, има и многу коментари од луѓето коишто знаат дека станува збор за Карлеуша.
„Ве молам, ова е Јелена Карлеуша, српска поп икона! Немојте нејзиниот талент да ѝ го припишувате на Кајли“ – стоело во еден од твитовите.Но, повторно се случи нешто интересно, а има врска со гостувањето на Јелена во емисијата „Народот прашува“, кадешто изведе многу песни



