Гостување на францускиот театар „Ларденоа“ во рамките на Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“

Гостување на францускиот театар „Ларденоа“ во рамките на Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје имаат чест да ве известат дека од 9 до 11 септември ќе се одржи Книжевниот саем за млади, насловен „Патување на француската книга“.
Во рамките манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“, којшто настапува во Македонија како дел од регионална турнеја.
Ве покануваме:

– в среда, 9 септември 2015г.,  12 ч., во ОУ „Димитар Миладинов“ на театарската престава „Волчо Страшниот“, во изведба на театарот Ларденоа и „Камионот на приказни“,

– в четврток, 10 септември 2015 г., во 12 ч., на свеченото отворање на целодневниот Книжевен саем за млади „Патување на француската книга“, од страна на д-р Иван Заров, Директор на Националната и универзитетска библитека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје, а во присуство на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.

Во текот на денот се предвидени забавни и педагошки активности наменети за деца и млади до 12 години.
Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје имаат чест да ве известат де

Пронајдете не на следниве мрежи: