Градинарите се задоволни од понудените откупни цени

Четири до 24 денари за куртовската капија зависно од класата, девет до 36 денари за краставичките, 19 до 21 за фефероните и пет денари за цвеклото, се цените што ги предлагаат преработувачите во пресрет на новата откупна сезона, а беа соопштени на денешната средба со производителите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во Струмица.Земјоделците ќе ги прифатат предложените цени, зашто, како што нагласија, одговараат на нивните барања. Министерот Цветков, пак, изрази надеж дека ќе се најде решение и дека двете страни ќе почнат да склучуваат договори.
–  Во Македонија се засадени околу 3.000 хектари куртовска капија со принос од 20 тони по хектар, што е многу мал принос. На отворено се произведуваат 40 – 50 тони просечно, а во оранжериско производство максимум 200 тони или 120 – 130 тони на хектар. Ќе им одржиме повеќе предавања на земјоделците за да се подобри приносот. Во Струмичко веќе има пилот-проекти од кои се очекува да се добијат над 150 тони. Има простор производителите да се усовршуваат и бенефиотот да биде поголем, рече министерот Цветков.
Според Ване Митев од здружението „Еко градинар“ од Добрејци, цената од 17 до 18 денари за куртовска капија е задоволителна.
– Имавме неколку состаноци и во Скопје и тука. Нас првенствено не интересира цената на куртовската капија и фефероните и за нас овие цени се прифатливи. Со нив се стави ред да нема манипулации при откупот. Производителите земаат по 3.000 денари субвенции за декар производство и дополнителни 2,5 денари за килограм предаден во преработувачката индустрија, истакна Митев.
На состанокот беше посочено дека веројатно домашаното производство ќе ги задоволи потребите на преработувачите, но, како што потенцира министерот, се додека не се потрошат македонските залихи, нема да биде дозволен увоз на зеленчук од Турција.
Одговорајќи на новинарско прашање дали се исплатени сите субвенции по килограм предаден земјоделски произоди во Струмичко, министерот Цветков рече дека Платежната агенција ги испратила налозите до Министерството за финансии согласно законските рокови.
– Платежната агенција навреме ги испрати налозите. Не се обработени еден до два отсто зашто фирмите не ја доставиле валидната документација. Инспекторите се пратени на терен и доколку се е во ред и тие налози ќе бидат пратени до Министерството за финансии. Според податоците кои ги имам, во струмичкиот регион годинава се одобрени 409.432.992 денари субвенции, рече Цветков.
Преработувачите и производителите досега одржаа повеќе заеднички состаноци во Скопје и Струмица.Земјоделците ќе ги прифатат предложените цени, зашто, како што нагласија, одговараат на нивните барања. Министерот Цветков, пак, изрази надеж

Пронајдете не на следниве мрежи: