Градови кои зад себе кријат голем број мистерии

На планетата Земја постојат многу градови кои мистериозно исчезнале или под своите рушевини кријат тајни кои допрва чекаат да бидат откриени. 
Што навистина се крие, се уште никој не истражил, но многу од нив ни го откриваат начинот на живот на тогашните цивилизации, како и нивните верувања кои на некаков необичен начин влијаат во денес во ова модерно време. Град во Месопотамија (денешна Турција)
Овој град кој бил сместен во тогашна Месопотамија бил доста урбан и долго време бил место на живеење на многу жители од оваа земја. Изграден е во 7500 година п.н.е од страна на тогашните жители. Куќите изгледале како саќе, а скоро секоја куќа имала скали. На вратите најчесто имало закачено рогови од бик, а мртвите членови од семејствот биле закопувани на подот од домот.
Архитектите велат дека архитектурата на овие куќи како и на самиот град е навистина неверојатна, а се уште никој незнае што се случило со културата на жителите од овој град во тогашна Месопотамија.

Град на Маите
Palenque е симбол за тајната на целата цивилизација на Маите. Овој град-држава се наоѓал во делови на Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас, а потоа исчезнал, без објаснување. Иако потомците на Маите се уште живеат во Мексико и Централна Америка, никој не е сигурен зошто големиот град на Маите паднал во пропаст и конечно бил напуштен во 1400 година п.н.е. Palenque бил во еден од славните градови на класичниот период на Маите, од околу 700-1100 година. Како и многу градови на Маите, тука имаше храмови, палати, и пазари. Но Palenque, кој се наоѓа во близина на она што денес е позната како регионот Чиапас, има некои од најпознатите детални скулптури и натписи од оваа цивилизација, кои укажуваат на нивниот секојдневен живот.

Мачу Пикчу
Царството на Инките и понатаму останува мистериозно, а делови од Перу, Чиле, Еквадор, Боливија и Аргентина кријат доста мистерии за нив.
Туак се наоѓаат градови кои пред стотици години биле уништени со доаѓањето на шпанската колонија и нејзиното населување на овој дел од  Јужна Америка. Инките биле напредни во архитектурата на напредното земјоделство. Тоа го покажува градот Мачу Пикчу кој крие голем број натписи од времето на Инките. Во времето на Инките тука имало огромни поседи како и пазари на кои се продавале разни производи и скапоцености.  Инките граделе плоштади и големи градби. Некои сметаат дека зад оваа цивилизација постои доста напредна економија која допрва треба да се истражи.
 Град во Месопотамија (денешна Турција)
Овој град кој бил сместен во тогашна Месопотамија бил доста урбан и долго време бил

Пронајдете не на следниве мрежи: