Граѓаните бираат меѓу кандидати на 11 коалиции и партии

На деветите парламентарни избори во Македонија, четврти предвремени од 2008 година наваму, учествуваат 11 коалиции и партии со 58 листи и 1.092 кандидати. Гласачките ливчиња ќе бидат на македонски јазик, а во средините каде има повеќе припадници на етничките заедници и на нивните јазици.Под реден број еден на избирачкото ливче е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два – Демократската партија на Албанците (ДПА), тројка е Демократската унија за интеграција (ДУИ), а четири Коалицијата предводена од СДСМ. Под број пет на избирачкото ливче е Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок, шеста е Партијата за демократски просперитет (ПДП), седма Коалицијата „Алијанса за Албанците“, осма Либералната партија, деветта ВМРО-За Македонија, десетта на избирачкото ливче е Движењето БЕСА и 11-та политичката партија Левица.
Коалициите и партиите под овие редни броеви настапуваат во сите изборни единици.
Коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ и ВМРО за Македонија имаат по 123 кандидати, Коалиција за промени и правда 120, ДПА, Либерална партија и Левица имаат по 100 кандидати, Алијанса за Албанците и БЕСА имаат по 80 кандидати и ПДП 20.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда – Трет блок и Коалиција ВМРО за Македонија имаат кандидатски листи за сите шест изборни единици и за дијаспората.
ДПА има кандидатски листа во Првата, Втората, Третата, Петата и Шестата изборна единица.
ПДП има кандидатска листа само во Изборната единица 6, а Либералната партија во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица.
Левица има кандидатски листи во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица, а Движењето Беса во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. Коалицијата „Алијанса за Албанците“ има листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица.Под реден број еден на избирачкото ливче е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два – Демократската партија на Албанците (Д

Пронајдете не на следниве мрежи: