Граѓаните на Куманово се обединија за опремување на детскиот оддел во Општата болница

На иницијатива на Жито Лукс, граѓаните на Куманово ја поддржаа добротворната акција на компанијата за опремување на детскиот оддел од Општата болница во Куманово. Мартија и младите хористи со песна, а талентираните уметници со своите цртежи што ќе ги красат детските болнички соби и Жито Лукс ги повикаа граѓаните на Куманово да ја поддржат акцијата „Растеме со вашата поддршка – Донирајте за иднината!“.„Првиот дел од донација покажа, а посетеноста на настанов уште повеќе ја потврди солидарноста на граѓаните на Куманово и нивната висока свесност за потребата од дополнителна помош за детското одделение во градската болница. Ова е дополнителна мотивација за нас како компанија да придонесеме и за идни вакви активности.“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Хуманитарната акција е дел од кампањата на Жито Лукс преку која од секој купен производ од оваа компанија на територијата на Куманово и околината, компанијата одвојува средства за обезбедување на што подобри услови за престој и заздравување во детските болнички оддели. Кампањата започна во септември и од средствата кои беа собрани во претходниот период е реализиран првиот дел од донацијата, кога беа донирани ЕКГ апарат, аспиратор, инхалатори, медицинска опрема и инвентар, неопходни за потребите на одделението и создавање на попријатни услови за престој на дечињата.
До крајот на акцијата Жито Лукс планира да набави дополнителна неопходна опрема за полесно функционирање на одделението. Досега, Жито Лукс организираше вакви акции во Охрид, Велес и Тетово.„Првиот дел од донација покажа, а посетеноста на настанов уште повеќе ја потврди солидарноста на граѓаните на Куманово и нивната висока свесн

Пронајдете не на следниве мрежи: