Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата за подигање на животниот стандард

Минималната нето плата во моментов изнесува 10.800 денари. Минималната плата е воведена и утврдена од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во директен дијалог со работодавачите и синдикатите, истакна на денешната прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.Законот за минимална плата прв пат е донесен на 01.01.2012 година и тогаш беше утврдена нето сума од 8.050 денари, со дадено ветување дека прогресивно ќе се зголемува идните години. Тоа и се случи, денес минималната плата изнесува 10.800 денари. Да не беа блокадите и деструкцијата од СДС, денеска таа плата ќе беше многу повеќе.
Ова е уште еден директен бенефит за граѓаните и подигање на животниот стандард.
Да потсетиме дека законот за минимална плата пред донесување беше огромен хендикеп за огромен број на работници. Истите тие работници беа оставени на маргините на работничките права. Со утврдувањето на минималната плата над 65.000 работници си го решија долгогодишниот проблем, бидејќи им се исплатуваше плата под предложеното ниво. Особено се реши горчливиот проблем во текстилната и кожарската индустрија.
Ова беа недостатоци и резултат на криминалната приватизација спроведена од страна на СДС во 90-тите години, каде што над 684 фабрики беа затворени и над 200.000 семејства беа оставени на работ на егзистенцијата. Овие луѓе беа принудени да прифатат работа за било каква плата од страна на олигарсите кои се збогатија во времето на СДС.
Континуираниот економски раст од неколку проценти секоја година, стабилната економија изминатите години иако се наоѓавме сред светска и европска криза, активните политиките на владата за стимул на нови работни места, грижата за работниците, како и непрекинливиот дијалог со работодавачите и синдикатите, директно влијаеја за утврдувањето и зголемувањето на минималната плата.
Очекувањата на граѓаните се да продолжи и понатаму трендот на воведување мерки и реализирање на проекти за покачување на минималната плата, подобрување на квалитетот на животот, како и на нивниот животен стандард.
Граѓаните очекуваат СДС да ги исполни ветувањата и да овозможи нови 64.000 работни места, и просечна плата од 30.000 денари, како и минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5%.
Дополнително актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски пред околу 1 месец изјави дека веднаш по формирањето на владата, СДС ќе побара од парламентот зголемување на минималната плата за текстилната и кожарската индустрија на 12.000 денари. Ги охрабруваме да си стојат на зборот и веднаш да го реализираат истото.
Граѓаните немаат никаква корист од најавите на СДС за уривање, блокирање и укинување. СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле.
Македонија се сака со дела, со многу работа и со многу одрекувања.Законот за минимална плата прв пат е донесен на 01.01.2012 година и тогаш беше утврдена нето сума од 8.050 денари, со дадено ветување дека прогреси

Пронајдете не на следниве мрежи: