ГРАЃАНИТЕ СЕ ДАВАТ, Жерновски се лади на плажа!

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, на социјлните мрежи апелираше граѓаните да ги пријавуваат штетите до општината, за подоцна наводно општината да ги обештетиЦентарскиот градоначалник наместо да излезе на терен со граѓаните, со нив комуницира преку социјалните мрежи, барајќи истите да ги пријават штетите на телефонски број кој го оставил во описот на апелот.
Во обид да исконтактираме одговорните во општината, со градоначалникот или раководителите на секторите задолжени за справување со последиците од вакви непогоди, наидовме на спуштени телефони, а единствениот достапен телефон беше 072 268 746, на кој ни се јави човек кој не можеше ништо да ни објасни.
На нашето прашање каде можеме да го најдеме градоначалникот за да му поставиме неколку прашања, тој не упати на официјалниот веб сајт на општината, или пак да го побараме на личниот телефонски број.
Сеуште е нејасно од каде апелирал Андреј Жерновски, дали се наоѓа на одмор, и каде, и доколку е на одмор дали планира да го прекине одморот и да се појави во неговата општина, меѓу граѓаните и да им помогне во справувањето со несреќата?
Одговори од типот „јавете му се на личниот број“ се едноставно несериозни и непрофесионални, бидејќи не секој граѓанин може да го има личниот телефонски број на Жерновски.
Жерновски единствено се реши да излезе помеѓу жителите на неговата општина кога го организираше неуспешниот концерт на Стив Аоки, за чија организација беа потрошени стотици илијади евра, за кои граѓаните се сомневаа дека биле ставени во приватни џебови!
За разлика од Жерновски, сите негови колеги од скопските општини се на терен заедно со граѓаните, во кал до гуша помагајќи им на граѓаните во справувањето со кризата!
ИнфомаксЦентарскиот градоначалник наместо да излезе на терен со граѓаните, со нив комуницира преку социјалните мрежи, барајќи истите да ги пријават штетите

Пронајдете не на следниве мрежи: