Грчева до СДСМ: Договорот од Пржино е полуфабрикат, а Законот за СЈО е дефектен!

Пратеничката Солза Грчева на денешната седница на Собранието на Република Македонија остро го нападна договорот од Пржино и Законот за специјално јавно обвинителство.Таа им посочи на своите колеги од опозицијата дека со своето политичко дејствување овозможиле нецелосни и дефектни законски решенија кои спречуваат нормално функционирање на политичките процеси во Македонија.
-Пржино испорача полуфабрикати за несреќа на опозицијата. Зашто тоа лидерот сега зборува дека не може да се прочисти избирачкиот список, она што јас три месеци го зборувам. Имавте дефектен закон за специјално јавно обвинителство. Секој втор член беше спорен и јас ве предупредував дека ќе пропаднеме во дупка со законот, рече Грчева.
Пратеничката Грчева денес распали по СДСМ и во претходните дискусии. Имено, Стојановски на денешната седница очигледно нервозно реагираше и ја обвини поранешната пратеничка од СДСМ, а сега независен пратеник, за како што рече тој, напуштање на јатото на опозицијата. На ова обвинување, таа со остри зборови му возврати.
-Жалам што долгогодишен пратенику Благоја, немате интелектуален капацитет воопшто да ги разберете моите говори. Не сме иста лига, дефинитивно. Ако сум го напуштила јатото на опозицијата, вие сте уште еден доказ дека сум морала да го напуштам со луѓе како вас кои ја упропастија опозицијата, на најниски гранки ја доведовте. Ја жалам таа опозиција што го има Благоја Стојановски за пратеник, поради сите криминали што Ве пратеа во минатото, продолжи и денес со остри зборови кон СДСМ, независната пратеничка Солза Грчева.
Напротив, според Грчева, токму пратениците од СДСМ се тие што треба да се извинат на сите, бидејќи во септември 2015 година, како пишман аџии, се вратија во Собранието на Република Македонија.
-Па видете си ги снимките. Вие кога влеговте на 1ви септември, требаше да ми се извините. Да се извините затоа што се вративте подоцна, со задршка, како пишман аџии дојдовте овде и после година и кусур ги признавте изборите кои што јас ги признав веднаш. Вие сте пишман аџии, заврши поранешната пратеничка од СДСМ, а сега независен пратеник Солза Грчева.Таа им посочи на своите колеги од опозицијата дека со своето политичко дејствување овозможиле нецелосни и дефектни законски решенија кои спречуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: