Грција во најбрз можен рок ќе го врати турскиот хеликоптер

Грчката Влада соопшти дека во најбрз можен рок ќе и го врати на Турција турскиот хеликоптер Блекхок, со кој осум турски војници избегаа во Грција синоќа по неуспешниот обид за воен удар.Атина истовремено ќе го разгледа барањето на Турција за екстрадиција на војниците, кои во моментов се задржани, изјави портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили.
– Владата е во контакт со турските власти за враќање што е можно поскоро на воениот хеликоптер, рече таа.
– Што се однесува до осумте војници ќе ги почитуваме процедурите на меѓународното право. Ние сепак мошне внимателно го разгледуваме фактот дека турските војници во нивната земја се обвинети за нарушување на уставниот поредок и за обид за удар врз демократијата, додаде Геровасили.
Грчката полиција соопшти дека се уапсени двајца мајори, четворица капетани и двајца наредници од прв степен.Атина истовремено ќе го разгледа барањето на Турција за екстрадиција на војниците, кои во моментов се задржани, изјави портпаролката на грчката Вла

Пронајдете не на следниве мрежи: