Грчки медиуми: Заев е корумпиран – на Македонија и’ се спрема поделба

Заев е корумпиран – на Македонија и’ се спрема поделбаВисоко корумпираниот Зоран Заев учествува во агендата за поделба на Македонија и формирање на голема Албанија. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, ваквите тврдења периодов се’ повеќе доминираат меѓу анализите и извештаите на грчките медиуми, за што се чини дека нема сомнеж оти случувањата во Македонија се последица на плановите што НАТО ги има за земјата, пред се’ во контекст на спречувањето на руското влијание.

Европската Комисија и НАТО  „побараа“ од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов да се усогласи со Уставот на земјата и да дозволи формирање на „прозападна“ влада. Од тој момент настаните се одвиваат со филмска брзина и Албанците бараат владата да биде формирана од опозицискиот лидер Зоран Заев (високо корумпиран политичар) во која што ќе бидат вклучени и тие, па покрај борбата против геноцидот на Србите, да почнат да го подготвуваат и бунтот за редизајнирање на целиот Балкан, пишува во анализа на грчкиот портал „Пентапостагма“.

Во анализата стои и дека огнот, кој веќе е предизвикан во Македонија, се шири и низ Балканот, вклучително и Грција, a со цел создавање на голема Албанија и Курдистан.
И информативното он-лајн издание „Ворија“ неодамна го критикуваше мешањето на албанскиот премиер Еди Рама во внатрешните работи на Македонија, нагласувајќи дека одлуките што ќе се донесат периодов се пресудни не само за напредокот, туку и за егзистенцијата на Македонија.

Во една несовесна акција без преседан, албанскиот премиер Еди Рама им наложи на четирите албански партии во Македонија да бараат права за Албанците во земјата, надвор од она што е предвидено со Охридскиот договор во 2001. Бараат учество во преговарачкиот процес со Грција, регрутација на 50 отсто Албанци во безбедносните служби, полицијата, армијата и владините канцеларии и институции. А, пред се’ бараат воведување на албанскиот јазик како официјален во земјата. Ако сево ова се прифати, тоа ќе формира една нова состојба во земјата, која што радикално ќе ја смени суштината на нејзината досегашна државност. Од она што досега е одиграно, се чини дека главна пречка е прашањето за јазикот, а еднаквата застапеност на албанскиот со словенскиот јазик е нешто што Груевски го одбива, но Зоран Заев го прифаќа, објавува „Ворија“.
Високо корумпираниот Зоран Заев учествува во агендата за поделба на Македонија и формирање на голема Албанија. Како што јавува дописникот на Нетпре

Пронајдете не на следниве мрежи: