Грчки навиначи доаѓаат во Македонија за мечот меѓу Партизан и МЗТ

Група од грчки навивачи на грчкиот тим ПАОК, се очекува да допатуваат во Скопје за мечот помеѓу Партизан и МЗТ кој ќе се одигра задутре во салата „Борис Трајковски“, објавуваат српските медиуми.
Фановите на тимот од Солун треба да им бидат помош на популарните „гробари“, чие присуство исто така се очекува на саботната дерби-пресметка, која е од исклучителна важност за црно-белите, кои водат грчевита битка за пласман на фајналфор-турнирот од регионалното натпреварување.
Во таборот на МЗТ Скопје засега немаат никаква најава за некакво организирано присуство на навивачката група на Партизан, но се очекува да нема никаков проблем околу приемот и сместувањето на следбениците на српскиот тим. Причина за тоа се релативно блиските односи на домашната навивачка група „Фемили“ и фановите на црно-белите, кои им овозможија да бидат присутни на првиот меч помеѓу овие два тима минатата година во белградски „Пионир“.
Но, сега само останува да се види каква ќе биде реакцијата на македонските навивачи на најавеното присуство на следбениците на ПАОК, кои се збратимени со поддржувачите на Партизан, кое во најмала рака може да предизвика навивачка војна на улиците на Скопје.
 Група од грчки навивачи на грчкиот тим ПАОК, се очекува да допатуваат во Скопје за мечот помеѓу Партизан и МЗТ кој ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: