Грчките медиуми за Македонија: Американска интервенција во корист на Албанците

Грчките медиуми продолжуваат со анализа за политичката состојба во земјава и прогнозираат за идни чекори…Под насловот „Американска интервенција во корист на Албанците- Националистите се борат”, грчкиот весник „Реал“ пишува дека иако заменикот државен секретар на САД, Хојт Ји го призна изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот, ова нема да биде прифатено од како што се вели, националистите во Скопје, кои што покажаа дека се подготвени да влезат и во Парламентот, пренесува дописникот од Атина за МРТ.
„Албанските парамилитаристи ветија дека ќе ги ’ослободат’ областите од пјр Македонија каде што живат Албанци, заканувајќи му се на Балканот со новокрвопролевање. Атина со особен интерес ја следи состојбата во соседната земја, бидејќи ако дојде до бура, речиси е невозможно Грција да не биде погодена“, се вели во анализата на „Реал“.
Весникот додава дека поради состојбата реагираше и Москва, која што ги повика странските актери да го прекинат притисокот, овозможувајќи и на земјата сама да решава за својата иднина.
Тиражниот грчки весник „Димократиа“ пишува дека хаосот во Македонија во голема мера е и дело на Џорџ Сорос и неговата фондација „Отворено општество“.
„Климата создадена од Сорос ги вовлече и меѓународните играчи, ЕУ и НАТО, кои што сега поддржуваат политичка промена, иако ВМРО на Груевски победи на декемвриските избори“, се вели во текстот.
„Како Сорос ја финансира опозицијата во Скопје“ е насловот на анализата на грчкото онлајн издание „Триклоподиа“, кое што меѓудругото информира за тужбата против Стејт Департментот и УСАИД поднесена од „Јudical watch“, поради финансирањето на политичките активности на соросовото „Отворено општество“ во насока на уривање на конзервативната влада на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува МРТ.Под насловот „Американска интервенција во корист на Албанците- Националистите се борат”, грчкиот весник „Реал“ пишува дека

Пронајдете не на следниве мрежи: