Грешна дијагноза зеде живот: Млада девојка почина од слепо црево

Министерот за здравство Арбен Таравари треба да сноси одговорност за комплетниот хаос во здравството кој од ден на ден носи се повеќе човечки животи – ова се реакциите на граѓаните кои бурно и жестоко одговараат на секоја нова информација за згаснат живот од банални причини, односно од болести кои можеле да се лечат уште пред 100 години, а камо ли денес.Но, на моменти се чини дека здравството наеднаш се врати 100 и повеќе години наназад, па така луѓе умираат од заболувања кои се излечливи без премногу потешкотии. Таков беше и случајот со луѓето заболени од мистериозната треска во гостиварско, а таква е и последната голема трагедија кога девојче поради грешна дијагноза и непрепознаено воспалување на слепото црево починува неколку часа откако била пратена дома со дијагноза „стомачен вирус“.
Ова го пишува корисник на социјалните мрежи кој праќа и апел до сите на Фејсбук да го споделуваат статусот за случајот за кој јавно досега не се знае ништо, со што се отвара сомнеж дека се обидува да се заташка.
Здравството е далеку од цветање откако го презеде Таравари, точно спротивно – нема реформи, нови вработувања и 100.000 денари плата за специјалистите, но затоа има многу интервјуа во кои Таравари раскажува колку добар министер е и колку му била напорна работата.

Во меѓувреме се случува комплетна партизација по клиниките, се бркаат докажани и светски признати професионалци, за да се постават партиски војници, луѓе кои Таравари не ги ни знае, туку ги потпишува бидејќи така ги договориле Заев и Села. Непроверени кадри, бизнис партнери и финансиери на СДСМ, луѓе без соодветно искуство или со конфликт на интереси, се поставуваат на големо на раководните позиции во здравството.
Наместо да се води грижа да има лекови за болните од рак за што реагираат граѓаните, и за тоа да не умираат луѓе од слепо црево, Таравари се грижи само за партизација на здравството. Вработените кажуваат дека прво што сториле неспособните кадри на Таравари е што ги преадаптирале собите со тоалети кои досега беа за пациентите, а отсега ќе им служат на докторите. Наместо да води сметка за реалната состојба во здравството, Таравари на Фејсбук ќе се објаснува и расправа дека здравсвото цути, иако млади луѓе умираат од погрешна дијагноза на слепо црево.
Имајќи предвид дека СДСМ и партнерите своето постоење го базираа на некрофилска кампања, измислување афери и сатанизирање луѓе, прашањето е: дали сега Таравари ќе понесе одговорност за овој згаснат млад живот поради хаосот и неспособноста кои станаа заштитен знак на неговото здравство? Ќе реагираат ли Огнен Јаневски и сите други некрофили кои спроведоа тешка црна кампања која заврши со обид за убиство на Никола Тодоров?
Додека ги поставуваме сите овие прашања, Таравари сеуште е вознемирен, огорчен и главно преокупиран со најважното прашање за него: „Зошто немало шота на отворањето на Суперкупот?“Но, на моменти се чини дека здравството наеднаш се врати 100 и повеќе години наназад, па така луѓе умираат од заболувања кои се излечливи без премн

Пронајдете не на следниве мрежи: