Груевски: Им подадовме рака, но СДСМ продолжува со грешките

Со многу иницијативи сакавме да му подадеме рака на СДСМ да излезе од оваа ситуација во која сам влезе, но тие ја внесоа и државата, истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за политичката состојба во Македонија.
Груевски потсети за лидерската средба на 13 февруари за надминување на состојбата, и иницијативите на претседателот Иванов и на претседателот на собранието Трајко Вељановски, меѓутоа нагласи дека сите иницијативи биле отфрлени од страна на СДСМ со, како што рече, нивното неразумно однесување.
„СДСМ прават сериозни грешки со ова што сега се случува. Влезени се во некој нивни филм дека немало да се повлечат, дека ќе прават борба итн. Значи, во еден затворен систем во посебен филм во кој од штета во штета се оди и за нив како партија и за државата“, изјави Груевски во Свети Николе, по обиколката на подрачјата зафатени од поплави.
Премиерот смета дека опозицијата има време да размисли до недела за подадената рака.
„Измената на Законот е донесена во Парламентот. Можноста е на маса и се надевам дека и таму ќе преовлада разумот и дека ќе ја променат нивната одлука што ја донесоа“, истакна премиерот Груевски.
извор:kurir.mkСо многу иницијативи сакавме да му подадеме рака на СДСМ да излезе од оваа ситуација во која сам влезе, но тие ја внес

Пронајдете не на следниве мрежи: