Груевски: Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе проглас чии главни пораки ги соопшти лидерот на партијата Никола Груевски, пред насобраните граѓани пред седиштето на Државната изборна комисија.-Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот, соопшти меѓудругото Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека партијата и историски и во сегашноста и во иднина, била и ќе биде прозападно ориентирана партија нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД.
-Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата  и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Македонија, рече тој.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или околности, најави Груевски.
Во прогласот кој го донесе Извршниот комитет на партијата стои и дека, ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ.
-Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон рег

Пронајдете не на следниве мрежи: