Груевски: Кичево е Македонија, ќе им помогнам на кичевчани

Премиерот Груевски денес го посети Кичево, се сретна со граѓаните и со поранешниот градоначалник Благоја Деспотовски.
Откако Фатмир Дехари победи уште во првиот круг, премиерот со денешната посета покажа дека се уште е тука за кичевчани и ќе им помогне.
-„ Го разбирам гневот и револтот кај луѓето затоа што тое е и мој гнев и мој револт. Тие имаат проблеми сега, имаат предизвици, а тоа се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука. “- изјави премиерот.
Тој исто така нагласи дека и понатаму ќе работи за Кичево и за доброто на граѓаните на Кичево.
– „Ние остануваме за Кичево, Кичево е Република Македонија и ќе остане Република Македонија, а Владата во иднина ќе ги утростручи напорите да им помага на овие луѓе тука, да има повеќе работни места, изградба и инвестиции во Кичево со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуват, а тоа е поквалитетен живот. Кичевци заслужуваат поквалитетен живот и ние сме тука како Влада и остануваме зад Кичево да се бориме да им помогнеме да се развива градот и да оди напред. Како што  направивме на овие избори на кои излегоа 99 проценти од луѓето кои го поддржуваа кандидатот  на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ така ќе продолжиме со сите сили да работиме и во иднина да им помогнеме на кичевци. Кичево нема да биде оставено“- изјави  Груевски.
Премиерот смета дека ситуацијата е создадена во 2004 година кога се споија пет општини во кои Албанци има околу 28 илјади, а Македонци околу 16 илјади.
 Премиерот Груевски денес го посети Кичево, се сретна со граѓаните и со поранешниот градоначалник Благоја Деспотовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: