Груевски: На овие избори на граѓаните им беа понудени два концепти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објави победа во најмалку 25 општини и водство во триесетина други општини, оценувајќи дека  изборите беа фер и демократски што претставува победа на сите граѓани и на државата.„Победа во прв круг остваривме во најмалку 25 општини, се надевам дека конечната бројка на победа во прв круг ќе надмине 30, рече Груевски, додавајќи дека треба да се почекаат конечните резултати во некои општиниТој објави победа во Кисела Вода, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Новаци, Петровец, Илинден, Демир Капија, Македонски Брод, Македонска Каменица, Кратово, Пехчево, Виница, Василево, Валандово, Радовиш, Кривогаштани, Сопиште, Крушево, Росоман, Босилево Градско, Конче и Ново Село.Груевски информираше дека кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Скопје, Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Кочани, Куманово, Ѓорче Петров, Кавадарци, Пробиштип, Свети Николе, Неготино, Крива Паланка, Маврово Ростуше, Зелениково, Делчево, Берово, Бутел, Чучер Сандево, Карбинци, Ресен, Лозово, Долнени, Вевчани, Демир Хисар, Чешиново-Облешево и Брвеница.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ има предност во шест општини, односно во Велес, Ранковце, Богданци, Центар, Дебарца и Струмица.„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ доби огромна доверба и убедлива победа, би рекол победата е и над рекордните наши очекувања, поголема и од тоа што претходно го очекувавме“, изјави Груевски.Тој нагласи дека на овие избори на граѓаните им беа понудени два сосема различни концепти.„Од една страна концепт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кој работи во две смени, работи на исполнување на конкретни дела и конкретни рокови, им помогна на земјоделците со големи субвенции да излезат од кал, да поддржат поевтино образование, создаде бесплатни учебници, концепт кој се бореше силно и неспоредливо со она што го правеше СДСМ за државните и националните интереси, концепт кој што покажа силна борба против корупцијата и криминалот, неспоредливо повеќе од претходната гарнитура, најсилни и најбрзи резултати на Македонија за приклучување кон НАТО и ЕУ, тоа е концепт кој што направи посилно здравство“, рече меѓу другото Груевски.Според него, вториот концепт беше и сеуште е оној кој што нема дела и не сака да се натпреварува со дела, има отсуство на програма и на визија, матно минато на водството на таа партија, не нуди конкретни дела, туку разни манипулации и измами.Остварената победа, за груевски претставува, голема доверба, но и голема одговорност, најавувајќи дека од првиот ден ќе се работи на исполнување на ветеното, бидејќи четири години ќе поминат за миг, и ќе треба граѓаните да се погледнат со крената главаГруевски оцени дека денеска се организираа фер, демократски и слободни избори и како такви тие се пред се победа на сите граѓани и на државата Република Македонија.„Тие фер и демократски избори се уште еден положен испит на Македонија особено во нејзиниот пат кон евроинтеграции. Со заедничка сила на сите граѓани Македонија имавме фер избори кои ќе значат поен плус на патот во нашите евроинтеграции“, рече Груевски.Тој оцени дека во Кичево и Струга беше направен позитивен преседан и порача без разлика на исходот општините во западна Македониај остануваат нераскинлив дел од државата.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски објави победа во најмалку 25 општини и водство во триесетина други општини

Пронајдете не на следниве мрежи: