Груевски најави формирање на хибридна сала за комплетен третман на пациентите и формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања

Формирање на хибридна сала во рамки на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е една од новите мерки во здравството кои денес ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Тој истакна дека ова е значајна инвестиција во нова опрема, која ќе биде единствен од ваков тип во поширокиот регион на Југоисточна Европа, сè до Будимпешта каде неодамна се отвори ваква сала.
-Целта е со формирањето на ваква сала да овозможиме комплетен третман на пациентите. На пример, кај некои пациенти е потребно да се примени и кардихируршки зафат и одредена процедура од интервентна кардиологија, што значи наместо како досега да се упатува пациентот од една на друга клиника, ќе биде комплетно третиран во хибридната сала, што ќе значи олеснување и за медицинскиот кадар и пред сè за пациентите. Во иднина, оваа сала би можела да се користи и од други специјалности, кои исто така бараат еден посложен и покомплексен пристап во третманот, како на пример неврохирургијата. Хибридната сала ќе даде високо софистицирани можности за работа и комплицирани оперативни зафати, истакна Груевски.
Тој додаде дека побрзото закрепнување на пациентите по третман во хибридната сала, истовремено значи и помал број на болнички денови.
-Намалувањето на бројот на болнички денови е значаен бенефит и за пациентот како работоспособен кадар кој побрзо ќе се врати на секојдневниот начин на живот, а воедно значи и заштеда за здравствениот систем, со што овие средства може да се пренаменат за други инвестиции во здравството. На пример, кај одредени интервенции во ваков тип на сала, пациентот по само неколку часа од интервенцијата веќе е подвижен и активен, а за неколку дена веќе може да биде пуштен дома. Значајно е што оваа сала овозможува комбиниран пристап од страна на медицинскиот тим, при што може во еден дел пациентот да се реши со мал хируршки рез, а во друг дел да се стави стент.  Во хибридна сала може да се третираат и исклучително тешки случаи, како на пример случај на раслојување на аортата, кој во светски рамки се оперира со 40% смртност, а во хибридните сали како најсовремен дострел на кардиохирургијата се оперираат со најниска смртност од само 1%, објасни Груевски кој додаде дека инвестицијата е околу 2 милиони евра.
 
Паралелно со инвестициите за реновирање на Универзитетската клиника за кардиологија и формирањето на хибридна сала, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес најави и формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, а со цел унапредување на превентивната здравствена заштита во делот на кардиоваскуларните заболувања.
-Идејата е овој центар да функционира како координативно тело и тело кое ќе предлага креирање на политики во овој сегмент на здравствената заштита. Во ова тело ќе членуваат директорите на Универзитетска клиника за кардиологија, Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, раководителите на кардиолошките одделенија од јавните здравствени установи низ цела држава и директорите на приватните здравствени установи од дејноста, кои се во мрежата. Ова е пракса во развиените европски и земји од светот, да се основаат вакви центри кои практично ја анализираат состојбата во сите кардиолошки центри и заеднички предлагаат мерки за постојано подобрување на состојбата. Со ова тело ќе се подигнат активностите на многу повисоко ниво, посочи Груевски.
 Инаку, на Клиниката за државна кардиохирургија за две години се извршени околу 450 интервенции, од кои поголем дел се интервенции на отворено срце, така што, истакна Груевски, Клиниката е пример за установа која одлично се развива.
-А со ваквите мерки ќе се постигне уште позначаен развој во негата и третманот на кардиолошките заболувања. Сите овие проекти се фокусирани на унапредување на условите за третман на лицата со кардиоваскуларни заболувања, што секако ќе придонесе за спасување човечки животи, поуспешно излекување и поквалитетен третман на пациентите, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој истакна дека ова е значајна инвестиција во нова опрема, која ќе биде единствен од ваков тип во поширокиот регион на Југоисточна Европа, с&egrav

Пронајдете не на следниве мрежи: