Груевски најави изградба на агропазар помеѓу Неготино и Демир Капија

За време на средбата со граѓаните во кавадаречкото населено место Глишиќ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 4 Никола Груевски презентираше делови од програмата „Реално“ и го повика населението масовно да излезе на изборите на 11 декември за кои оцени дека ќе бидат историски по 10-тата победа на оваа партија и коалицијата „За подобра Македонија“.Дел од Програмата на партијата опфаќа мерки за поддршка на инсталирање на системите „капка по капка“ и за ископ на бунари, како и инвестиции во високоприносен добиток на регистрираните земјоделци и тоа како неповратна финансиска помош. Поддршката што ја најави Груевски би изнесувала 80 проценти од средствата потребни за оваа намена.
Повтори дека за следните четири години се планирани по 150 милиони евра за поддршка и субвенции на земјоделците. Исто така, дека наместо 50 се предвидува 60 процентно финансирање на инвестициите за купување трактори, механизација, опрема, основно стадо и подигање насади. И во ова населено место тој ги повика земјоделците да го осигураат родот, посочувајќи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира владата се предвидува 60 процентно кофинансирање на премиите за осигурување ризици за сите типови на земјоделско производство.
Програмата на оваа партија предвидува и обезбедување професионални земјоделски советници, но и поволни кредити за земјоделците и преработувачите. Како што кажа Груевски, овие кредити ќе бидат преку Македонската банка за поддршка на развојот, со субвенционирана каматна стапка од 4 проценти и 5 проценти на годишно ниво, односно 2 проценти преку компензационите фондови.
Преку проектот „АГРО-Тирз“, за привлекување големи инвестиции во центри за откупи и дистрибуција на свеж зеленчук и овошје на големите компании кои ќе вложат најмалку 10 милиони евра, ќе им се понудат ослободување од персонален данок за пет години, од ДДВ на прометот на добра од земјата во зоните, ќе се овозможи пристапот до вода, канализација и друго.
– Планиран е агропазар помеѓу Неготино и Демир Капија каде што има голема концентрација на понуда и побарувачка, рече Груевски.
Освен ова приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата останува отворањето нови работни места. Тој пред граѓаните на Глишиќ рече дека се предвидува до крајот на 2020 година да се намали стапката на невработеност и да се креираат 70.000 нови работни места. Најави постепено зголемување на минималната плата, зголемување на платите во јавниот сектор и на пензиите, како и на социјалната помош. Продолжува и проектот „Купи куќа за млади“, а Груевски најави и воведување нов проект за купување и изградба на куќи за лица над 36 години со кој се предвидува 10-годишно субвенционирање на ратите од кредитот или целосно субвенционирање на учеството за кредитот за таа намена.
– Верувам дека со масовно излегување на изборите на 11 декември дека ќе заврши политичката криза и уште повеќе компании ќе доаѓаат да инвестираат во Република Македонија, рече Груевски.
Населеното место Глишиќ, посочи Груевски, исто така ќе биде опфатено со проектот „Рурални развојни зони“ со кој се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја.Дел од Програмата на партијата опфаќа мерки за поддршка на инсталирање на системите „капка по капка“ и за ископ на бунари, како и инвес

Пронајдете не на следниве мрежи: