четврток, 26 ноември 2026
Најново

Груевски: Намалена невработеност, нови работни места и многу други проекти за граѓаните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во новата програма се предвидуваат уште многу проекти. Се предвидува дека невработеноста ќе продолжи да опаѓа и од сегашните 24 отсто ќе се спушти помеѓу 17 и 18 проценти за 4 години, а ќе се отворат нови 70.000 работни места во Македонија.Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.
-Пензиите и платите во јавниот сектор ќе пораснат за 10,25 отсто, социјалната помош во 4-годишниот период ќе порасне за 50 отсто, а минималнита плата до 14.000 денари, во делот на кожарската и текстилната до 13.500 денари до 2020.
Подвлече и дека ќе се завршат започнатите градби на 3 автопати.
-Но ќе се започнат градби на уште 3 нови автопати во Македонија- од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требениште до Струга.
Се предвидуваат нови 600 милиони евра за земјоделците, воведување на професионален земјоделски советник, како и други проекти кои ќе бидат од помош на земјоделството.
Модернизација на средното -стручно образование, градба на 18 нови и реконструкција на 140 училишта, нови 78 спортски сали, се само дел од проектите кои се предвидени во програмата „Реално“ од над 500 страни.Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.

Поврзани вести