Груевски: Одиме напред, народот ќе покаже дека тој одлучува за државата!

Во недела цело Шуто Оризари на гласање, цело Скопје, цела Македонија, за победа на ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија, истакна вечерва на митингот во Шуто Оризари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Никола Груевски.-Шуто Оризари секогаш е на победничката страна, знае кој создава и кој им помага на луѓето. Луѓето знаат да проценат и да видат кој колку им помага. Безмалку сите ромски партии се во Коалицијата „За подобра Македонија“. Не може да е случајно толку многу години да сме заедно. Ако не ги исполнуваме барањата и ветувањата немаше така да биде. Ние сме искрени. Затоа сме тука за вас и во добри и во тешки денови. Од другата страна имаме партија и човек, а отвори уста лаже, таков човек не ни треба, такво раководство што ги потценуваат сопствените граѓани не ни требаат.  Нема да го дозволиме некој да ја распарчува нашата држава. Ќе одиме заедно напред по изборите во недела кога народот ќе покаже дека тој одлучува за државата, посочи Груевски.
Во своето обраќање тој се осврна и на низата проекти кои досега се реализира,а преку кои се отворени 160.000 работни места, се зголеми социјалната помош, се намалија цените на лекови, се изврши отпис на долговите на 15.000 лица, се воведе легализација на бесправно изградени објекти, бесплатна изработка на геодетски елаборати, се набавија голем број на медицински апарати, се изградија и реконструираа училишта.
-Во наредниот период се планира отворање на 70.000 работни места. Невработеноста треба да опадне на 17-18 проценти за четири години. Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за над 10,25 отсто, како и пензиите. Минималната плата постепено ќе расте и до крајот на 2020 ќе дојде до 14.000 денари. Социјалната помош ќе се зголеми за 50 проценти. Работиме за доброто и просперитетот на Ромите, доделени се 4070 стипендии за ученици Роми, ФЗОМ отвори шалтер и во Шуто Оризари со што стана попристапен за жителите, рече Груевски.
Во однос на проектите планирани за следниот период лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе се доврши изградбата на водоводот, проект вреден 3 милиони евра.
-Планираме изградба на атмосферска канализација по главната улица, изградба на втор дел од фекална канализција, ќе се изгради отворен базен со олимписки димензии. Ќе ја довршиме спортска сала, а ќе се изгради и баскет игралиште, како и зграда со 51 стан за социјално ранливите категории на граѓани. Планирано е отворање на нова детска градинка со што ќе се зголемат капацитети, реконструкција на кровот во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, изградба на нов современ дом на културата, како и темелна реконструкција на амбулантата, додаде Груевски.-Шуто Оризари секогаш е на победничката страна, знае кој создава и кој им помага на луѓето. Луѓето знаат да проценат и да видат кој колку им помага

Пронајдете не на следниве мрежи: