Груевски: Проблемот е во СДСМ

Одбегнувањето на избори не е за спас на слободата и демократијата туку за спас на личните кариери на раководството на СДСМ, но притоа треба да се свесни дека државата не е алатка дадена во рацете на поединци, и таа не може да зависи од одлуките на десетмина, стотина. Македонија не може да биде играчка на СДСМ. Иднината на оваа држава зависи од целиот народ.Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот семинар „Дигитална Европа: Младински Политики за Просперитет” кој е организиран од страна на Демократската Младинска Заедница на Европа и Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфред Мартенс Центарот за Европски Студии.
-Јасно е дека не е ниту до слободата и демократијата, не е ниту до избирачкиот список, или медиумите, туку проблемот е во СДСМ. Тие треба да го бараат во сопствените редови.  Има ли поголема слобода и демократија од тоа кога народот одлучува на избори. Има ли поголема доблест од таа политичарите да му препуштат на народот да одлучува. СДСМ се плаши од народот, СДСМ се плаши од пораз и тоа опозицијата добро го знае. Тие се свесни за нивниот низок рејтинг помеѓу граѓаните, потенцираше Груевски.Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот семинар „Дигитална Европа: Младински Политики за Просперитет” к

Пронајдете не на следниве мрежи: